ПОЛИЦАЕЦ ОД ГОСТИВАР ПРИСВОИЛ 25.000 ЕВРА И ЗЛАТЕН НАКИТ – ФИНГИРАЛ КРАЖБА ЗА ДА ГО ПРИКРИЕ ДЕЛОТО !
ПОЛИЦАЕЦ ОД ГОСТИВАР ПРИСВОИЛ 25.000 ЕВРА И ЗЛАТЕН НАКИТ – ФИНГИРАЛ КРАЖБА ЗА ДА ГО ПРИКРИЕ ДЕЛОТО!
ПОЛИЦАЕЦ ОД ГОСТИВАР ПРИСВОИЛ 25.000 ЕВРА И ЗЛАТЕН НАКИТ – ФИНГИРАЛ КРАЖБА ЗА ДА ГО ПРИКРИЕ ДЕЛОТО
Д.С. од СВР Тетово – ОВР Гостивар осомничен за проневера и лажно пријавување кривично дело
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе кривична пријава против полицискиот службеник Д.С., самостоен криминалистички техничар во СВР Тетово – ОВР Гостивар. Пријавата е доставена до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Скопје, поточно до Специјализираното одделение за кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и затворска полиција.
Присвоил пари и накит од службен метален ормар
Според МВР, Д.С. во периодот од јануари до април 2025 година присвоил 25.000 евра и златен накит, кои му биле доверени во рамки на полициска постапка. Предметите биле одземени при претрес на дом и оставени во метален ормар во ПС ОН Гостивар.
Без да биде забележан, тој прво ги изнел парите од просториите, а потоа во неколку наврати и накитот, кој го продал во златарница во Гостивар.
Фалсификувал кражба за да ги сокрие трагите
За да го прикрие своето дело, Д.С. фингирал тешка кражба на металниот ормар. Тој ја искршил бравата, ги отстранил шипките, и искинал една од хартиените вреќи во кои биле чуваат предметите. Другата ја фрлил во контејнер.
Приведен и суспендиран до завршување на постапката
Д.С. е лишен од слобода и задржан во полициска станица, а наскоро ќе биде изнесен пред суд. Одделот за внатрешна контрола најави дека ќе поднесе предлог за дисциплинска постапка и ќе предложи суспензија од работното место до нејзино завршување.
Сидни Свини го украде шоуто на венчавката на Џеф Безос – сите погледи вперени во неа!
Хyпе ТВ
КОНCЕРТ ВО СКЕНДЕРИJА – ЛУКАС, ШКОРИḰ, ИЛИḰ – КАРТИ ТУКА.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!