ПОЧИНА АКТЕРОТ ЏУЛИЈАН МЕКМАН – ЅВЕЗДАТА НА „ВОЛШЕБНИЧКИ“ ГО ИЗГУБИ ЖИВОТ ПО ТЕШКА БОРБА!
foto/reddit
Холивудската јавност е во шок – актерот Џулијан Мекман (Julian McMahon), најпознат по улогите во сериите Nip/Tuck и Charmed, почина денес по долга и тешка борба со рак. Имаше 57 години.
Извори блиски до семејството потврдиле дека актерот мирно починал во семејниот дом, опкружен со најблиските. Веста ја објави неговиот портпарол во кратко, но емотивно соопштение:
„Со длабока тага потврдуваме дека Џулијан Мекман почина по храбра борба со тешка болест. Ќе остане запаметен по неговата страст кон уметноста, неговиот талент и топлината што ја ширеше кај сите што го познаваа.“
Австралискиот актер се прослави со контроверзната улога на доктор Кристијан Трој во култната серија Nip/Tuck, која се емитуваше од 2003 до 2010 година. Покрај тоа, публиката го обожуваше и како шармантниот демон Кол во Charmed, како и по настапите во холивудските блокбастери Fantastic Four и Runaways.
Фановите од целиот свет веќе се збогуваат преку социјалните мрежи, оставајќи трогателни пораки и спомени.
Сидни Свини го украде шоуто на венчавката на Џеф Безос – сите погледи вперени во неа!

Хyпе ТВ
КОНCЕРТ ВО СКЕНДЕРИJА – ЛУКАС, ШКОРИḰ, ИЛИḰ – КАРТИ ТУКА.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!

