ПИЈАН ПОЛИЦАЕЦ СО 1,65 ПРОМИЛИ УДРИ СО ВОЗИЛО ВО КИСЕЛА ВОДА, СЕ ЗАКАНУВАЛ…
ПИЈАН ПОЛИЦАЕЦ СО 1,65 ПРОМИЛИ УДРИ СО ВОЗИЛО ВО КИСЕЛА ВОДА, СЕ ЗАКАНУВАЛ…
Секторот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против 26-годишниот Л.Д. од село Зелениково, скопски регион, кој инаку е вработен како полициски службеник во Секторот за известување и координација на состојби во МВР.
Фото: Пеxелс
Случајот се случил на 21 април 2025 година, на подрачјето на Кисела Вода во Скопје, каде што пријавениот управувал моторно возило со концентрација на алкохол во крвта од 1,65 промили. Притоа, преминал полна линија и го пресекол патот на друго патничко возило, сериозно загрозувајќи ја безбедноста на возачот и патниците.
ПИЈАН ПОЛИЦАЕЦ СО 1,65 ПРОМИЛИ УДРИ СО ВОЗИЛО ВО КИСЕЛА ВОДА, СЕ ЗАКАНУВАЛ…
По инцидентот, откако двете возила застанале, полицискиот службеник започнал да упатува закани кон другиот возач, а потоа и физички го нападнал неговото возило со удари.
Дополнително, Одделот за внатрешна контрола иницирал дисциплинска постапка за утврдување на одговорност поради сериозно прекршување на работната дисциплина од страна на пријавениот.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХYПЕ МК/Е.Л.