ПЕКОЛ ВО МАКЕДОНИЈА: СЕДУМ АКТИВНИ ПОЖАРИ, 23 СЕ ИЗГАСНАТИ – СИТУАЦИЈАТА СЕ СЛЕДИ СО ВНИМАНИЕ!
ПЕКОЛ ВО МАКЕДОНИЈА: СЕДУМ АКТИВНИ ПОЖАРИ, 23 СЕ ИЗГАСНАТИ – СИТУАЦИЈАТА СЕ СЛЕДИ СО ВНИМАНИЕ!
Додека високите температури горат низ земјава, вкупно седум пожари на отворено сè уште се активни, покажуваат последните информации од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Еден пожар е ставен под контрола, а уште еден е целосно локализиран.
Фото/ Пеxелс
Најкритичните жаришта се регистрирани во:
- Прилеп (с. Бешиште) – приземен пожар во мешана шума
- Македонски Брод (помеѓу с. Црешнево и с. Слатин) – огнен фронт во деградирана дабова шума и грмушки
- Чашка (под Солунска глава) – чад на карпест терен
- Чучер Сандево (помеѓу с. Блаце и с. Чучер) – гори мешана шума и ниска вегетација
- Шуто Оризари (кај Њу Стар Хотел) – активна депонија
- Дојран (с. Николич) – пожар во нискостеблеста шума
- Крива Паланка (с. Жидилово) – огнен фронт во борова шума
Во Општина Делчево, пожарот на градската депонија е успешно локализиран, додека во с. Самаково (Македонски Брод) пожарот е ставен под контрола.
ЦУК информира и за вкупно 23 изгаснати пожари, меѓу кои се оние во:
- Сарај (с. Глумово) – пилевина
- Петровец (с. Ржаничино) – стрниште
- Аеродром (с. Долно Лисиче) – фолии и стрништа
- Ѓорче Петров (две локации) – ниска вегетација
- Центар (ул. Лазар Личеноски) – ниска вегетација
- Велес (с. Горно Оризари) – ниска вегетација
- Куманово (с. Белаковце) – шума и вегетација
- Старо Нагоричане (два пожара во с. Ругинце)
- Кратово (с. Железница) – лозје
- Штип (с. Балвани) – ниска вегетација
- Долнени (с. Сарандиво)
- Боговиње (с. Седларце) – депонија
- Брвеница (с. Теново)
- Желино (с. Чефлик)
- Врапчиште (с. Неготино) – стрниште
- Битола (два пожара: с. Магленце и кај болницата Плодност)
- Свети Николе (на патот Штип – Велес)
- Прилеп (два пожара: Жабино Маало и кај Гаро-Градба)
Надлежните апелираат на внимателност и одговорност, особено во близина на шуми и отворени површини. Ситуацијата постојано се следи, а противпожарните екипи се на терен.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ HYPE.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА VIBER, INSTAGRAM: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YOUTUBE КАНАЛОТ – HYPE МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХАЈП МК/Е.Л.