ПАНДЕВ СО ОТВОРЕНО ИНТЕРВЈУ: ТЕШКО Е ДА СЕ ПРАВАТ ПРОМЕНИ ВО МАКЕДОНИЈА, НО ВЕРУВАМЕ ВО ИДНИНАТА НА ФУДБАЛОТ!
ПАНДЕВ СО ОТВОРЕНО ИНТЕРВЈУ: ТЕШКО Е ДА СЕ ПРАВАТ ПРОМЕНИ ВО МАКЕДОНИЈА, НО ВЕРУВАМЕ ВО ИДНИНАТА НА ФУДБАЛОТ!
Најголемата фудбалска легенда на Македонија, Горан Пандев, кој од пред шест месеци ја извршува функцијата спортски директор на македонските репрезентации, даде искрено интервју за популарната фудбалска платформа „ФотМоб“, во кое зборуваше за предизвиците, односите и иднината на мак-фудбалот.
Фото: Принтсcреен/Инстаграм/горанпандев19
Пандев, кој со децении гордо го носеше дресот на репрезентацијата, истакна дека со голема чест ја прифатил поканата од новоизбраниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, да стане дел од новото раководство.
– По сите години во дресот на Македонија, беше голема чест што ме покани Масар Омерагиќ да бидам дел од новата ера на ФФМ. Да се прават промени во Македонија е многу тешко, но ние сме оптимисти за иднината. Претседателот неуморно работи на предизвиците, а со нашето искуство и поддршка веруваме дека ќе донесеме подобри денови за фудбалот – изјави Пандев.
Тој се осврна и на актуелниот селектор Благоја Милевски, кој дојде на позицијата по отказот на Игор Ангеловски, откако Федерацијата не му понуди нов договор.
– Нашиот однос е професионален. Тој добро ги започна квалификациите за Светското првенство 2026. Се надевам дека ќе нè направи горди и ќе нè одведе на нашето прво Светско првенство. Сепак, резултатите го одредуваат патот на секој тренер и му посакувам многу среќа – додаде Пандев.
Македонија досега само еднаш настапи на големо натпреварување – Европското првенство 2020, каде што репрезентацијата ја предводеше токму капитенот Горан Пандев. Таа историја останува еден од најзначајните моменти за македонскиот спорт, а сега, со ново водство и визија, надежта повторно се раѓа.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХYПЕ МК/Е.Л.