ПАНЧО ОД ДНК ДЕНЕСКА СЛАВИ РОДЕНДЕН!
ПАНЧО ОД ДНК ДЕНЕСКА СЛАВИ РОДЕНДЕН!
Македонскиот артист Владимир Блажев – Панчо од ДНК, денеска (29 јули) наполни 46 години.
Овој роденден го дочекува во болница, каде што закрепнува по тешки повреди здобиени во пожарот што се случи во март годинава во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
фото:бизнисвести.мк
Во истиот трагичен настан животот го загуби неговиот долгогодишен музички партнер Андреј Ѓорѓиески, со кого го формираше дуото ДНК.
Панчо беше хоспитализиран со изгореници и проблеми со дишењето, но според последните информации, неговата здравствена состојба е стабилна и тој продолжува со опоравување.
фото:принткскрин/фб/владимирблажев
Честитки и поддршка од јавноста
По повод роденденот, бројни пријатели, колеги и фанови му упатија честитки и зборови на поддршка преку социјалните мрежи. Некои од нив напишаа:
„Панчо другарче, ти посакувам најбрзо закрепнување и повторно да бидеш оној полн со енергија и креативност каков што сите те знаеме. Среќен роденден!“
„Среќен роденден,Владимир !“
„Само напред и позитива“
Неодамна Миа Костова која што е негов долгогодишен пријател даде изјава за една телевизија дека состојбата на Панчо е подобра но тој сеуште мора да биде под надзор на лекарите и да заздравува!
БОНУС ВИДЕО:
КОЈА Е НОВАТА ДЕВОЈКА НА БАКА ПРАСЕ? Работела во ресторан, студира тежок факултет! (ФОТО)
ИНСТАГРАМОТ НА КАРЛЕУША ПОВТОРНО ИЗБРИШАН!
СНЕЖЕ ВЕЛКОВ ГО ДОБИЛА ИМЕТО ПО „СНЕЖАНА И СЕДУМТЕ ЏУЏИЊА“ – БРАТ И ГО ДАЛ ПРЕДЛОГОТ! (ФОТО)
Сидни Свини го украде шоуто на венчавката на Џеф Безос – сите погледи вперени во неа!
ВРЕМЕСКА БОМБА ЗА ПОНЕДЕЛНИК! — 30 ЈУНИ ВО СКОПЈЕ: ЖЕШКО, СТИЛСКО И СО ПРИВРЕМЕНИ ДОЖДОВИ!