ПАФ ДЕДИ СРЕДЕ СУДЕЊЕ ИСПРАТИ ПОРАКА НА ЕДНО ЛИЦЕ! Познатиот рапер повторно го шокира светот!
ПАФ ДЕДИ СРЕДЕ СУДЕЊЕ ИСПРАТИ ПОРАКА НА ЕДНО ЛИЦЕ! Познатиот рапер повторно го шокира светот!
Пред нешто повеќе од една недела започна судењето на Шон „Диди“ Комбс. Раперот е обвинет за силување, рекетирање, трговија со луѓе за сексуална експлоатација и транспорт во цели на проституција. Во вторникот, по завршувањето на рочиштето, се огласи и самиот Паф Деди, кој упати порака до присутните.
„ПАФ ДЕДИ НАСРЕД СУДЕЊЕТО ИСПРАТИ ПОРАКА НА ЕДНО ЛИЦЕ!“
фото:ПРОФИМЕДИА
Познатиот рапер повторно го изненади светот!
„Ве сакам сите,“ рече Диди во судницата во Њујорк, а според магазинот Пеопле, потоа шепна: „Да. Љубов.“ Потоа ѝ се обрати на една жена која седела во галеријата и ѝ рече:
„Те молам, кажи му на Џастин дека мислам на него.“
Се претпоставува дека мислел на неговиот 30-годишен син Џастин Диор Комбс.
Ова наводно не е прв пат музичкиот могул да изрази љубов во судница. Според Е! Неwс, на вториот ден од судењето, додека го воделе кон неговото место, тој со рацете направил срце. Многумина сметаат дека и тогаш посебно мислел на своето семејство, од кое поголемиот дел присуствувал на рочиштето.
Покрај Џастин, Диди има уште шест деца – синовите Квинси Браун (33) и Кристијан „Кинг“ (27), ќерките Ченс (18), близначките Д’Лила и Џеси (18) и најмалата, Лав (2).
На судењето беше спомнат и Барак Обама
Да потсетиме, во вторникот за време на судењето, неочекувано беше спомнат и поранешниот американски претседател Барак Обама. Поранешниот асистент на Комбс, Дејвид Џејмс, изјавил дека на неговите „фреак-офф“ забави, гостите често консумирале апчиња со ликот на Обама, но изрично нагласил дека Обама никогаш не бил присутен на тие забави.
Едно од највпечатливите сведочења беше она на поранешната девојка на раперот, Касандра Кеси Вентура. Таа во судницата сведочеше дека Диди ѝ се заканувал со објавување на секс-снимка доколку не се согласи да присуствува на една од неговите озлогласени забави. Кеси овој разговор првпат го спомена на првиот ден од сведочењето, кога рече дека поради заканите се чувствувала како заробена и дека прифатила да оди на забавата во Њујорк „само за да престане да ѝ се заканува“.
БОНУС ВИДЕО:
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!