Овошен десерт готов за 15 минути! Брзо, лесно и едноставно!
Овошен десерт готов за 15 минути! Брзо, лесно и едноставно!
Направете совршен десерт што ќе ги воодушеви сите! Брзо, лесно и едноставно, а не мора ни да бидете вешти во кујна.
Фото: ТикТок принтсcреен/др.оеткер_србиjа
Овошен десерт готов за 15 минути!
Сè што ви е потребно се компоти од праски, малку бисквити и слатка павлака. Без печење, без компликации, а вкусот е вистинско летно освежување што може да се подготви за миг. Идеално за ненајавени гости или кога ќе посакате нешто благо, без многу труд.
Овој колач е совршен избор кога ви треба брз овошен десерт без многу валкани садови. Пробајте и уверете се колку е вкусен и едноставен.
Подготовка:
Бисквитите се дробат во блендер или со рака додека не се добијат фини трошки. Во трошките се додава слатката павлака и кратко се меша за да се добие мазна смеса.
На дното од калап или чинија се става малку од смесата со бисквити и павлака, па се редат праските. Слоевите се повторуваат наизменично – смеса, па праски, сè додека не се потрошат сите состојки. Завршниот слој може да биде праски или смеса, по желба. Колачот се става во фрижидер најмалку 1 час за да се стврдне и излади.
Совет:
За дополнителен вкус, во смесата можете да додадете малку цимет или неколку капки екстракт од ванила. Исто така, можете да посипете мелени ореви или бадеми пред сервирање за крцкав финиш.
ЕЛЕНА ВЕЛЕВСКА ГОРИ НА СОНЦЕТО – СЕКСИ БИКИНИ, ОБЛИНИ И ЛУКСУЗНИ ДЕТАЛИ: ФАНОВИТЕ ВО ТРАНС!
ПОСЛЕ 15 ГОДИНИ МИРОСЛАВ ИЛИЌ СЕ ВРАЌА ВО АРЕНА ЗАГРЕБ!
„Нема ден да не ме повика некој од Хрватска на настап“
На големата сцена во загрепската Арена ќе му се придружи голем оркестар, но и неколку славни гости, чии имиња ќе бидат чувани во тајност до последен момент. Сето тоа со цел ова долгоочекувано вечерно случување навистина да се нарече спектакл. Со овој концерт, Миослав Илиќ ќе ја одбележи над 50-годишната успешна кариера – како што неодамна го прослави јубилејот и во Белград.
„Тоа ќе биде ноќ полна со сеќавања, бидејќи три генерации пораснаа со моите песни. Јас сум еден од ретките изведувачи на чии концерти доаѓаат деца, родители, баби и дедовци. Сите сакаат да пеат и да се напијат. А кога ја гледам таквата публика пред себе, тоа ми дава сила да полетам. Публиката ме подмладува, и без разлика на возраста, ќе пеам и во длабока старост. Сè додека ме држи гласот и додека не ме изнесат од сцената“, истакна познатиот пејач.