„ОВО Е САМО МАЛ ДЕЛ…“ Прва изјава на Маја Маринковиќ по ШОКАНТНИТЕ ОБВИНУВАЊА ЗА НАСИЛСТВОТО И ФИЛИП ЦАР!
„ОВО Е САМО МАЛ ДЕЛ…“ Прва изјава на Маја Маринковиќ по ШОКАНТНИТЕ ОБВИНУВАЊА ЗА НАСИЛСТВОТО И ФИЛИП ЦАР!
Маја за претрпеното насилство
Маја Маринковиќ ја шокираше јавноста со наводите дека Филип Цар, сега нејзин поранешен партнер, бил насилен кон неа.
Фото: Хyпе ТВ/Инстаграм сcреенсхот маjамаринковиc
Старлетата сега за првпат по раскинувањето со Цар се огласи за домашните медиуми и објасни зошто го сподели вознемирувачкиот материјал.
„Јавно апелирав на мојот Инстаграм профил да ме остават на мир и да не ме влечат во нивните приказни, но тоа не го испочитуваа. Поради тоа објавив само мал дел од она што го поседувам. Вистина е сѐ што кажав и стојам зад тоа. Сите овие години публиката се навикна на една работа. А тоа е дека јас никогаш не лажам. Толку од мене за сега, се надевам дека на ова ќе остане и дека веќе нема да ме провоцираат. Зашто јас не се плашам од никого и знам дека вистината е на моја страна“, изјави Маја.
Маја за претрпеното насилство
Да потсетиме, на фотографиите се гледа дека над Маринковиќ е извршено физичко насилство. Многу се забележливи модринките, подливите и траги од крв.
Маја за претрпеното насилство фото: инстаграм принтсcреен / маjаамаринковиc
Маја наведе и низа вознемирувачки детали. Преку Инстаграм стори нагласи дека Филип Цар ѝ ставил пиштол во уста, па ѝ забил нож над главата. Додека таа, како што наведува, лежела на подот. Маја додаде и дека мајката на Филип учествувала во сѐ. Ја навредувала Маја и ја бркала по автопатот. Овие шокантни наводи дополнително ја вознемирија јавноста, а се огласи и Филип.
„Луѓе, не сакам да го валкам Инстаграм со разни објави за небитни личности. Кои со години вртат едно исто во круг, а мене ме напаѓаат! На ТикТок можете да ги следите актуелните случувања околу овие здружени напади врз мене! Порано барем подобро лажеа“, рече Цар, мислејќи и на другите шокантни обвинувања што ги изнесе и Александра Николиќ. Поранешна ријалити цимерка со која, инаку, има ќерка.
Хyпе ТВ
КОНCЕРТ ВО СКЕНДЕРИJА – ЛУКАС, ШКОРИḰ, ИЛИḰ – КАРТИ ТУКА.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!