Ова е тајната на младешкиот изглед на Софија Вергара: Без ботокс и естетски зафати, само природна нега!
Ова е тајната на младешкиот изглед на Софија Вергара: Без ботокс и естетски зафати, само природна нега!
Холивудската ѕвезда Софија Вергара е вистински пример дека не се потребни скапи естетски интервенции за да се зачува младешкиот изглед. Иако има над 50 години, актерката изгледа свежо и негувано, а нејзината тајна лежи во доследна природна нега и здрави навики што ги практикува со години.
фото:принтскрин/абц
Колаген – тајниот сојузник против стареење
Секоја година, телото природно губи дел од колагенот – протеинот кој е заслужен за еластичноста и цврстината на кожата. Софија активно го надоместува овој губиток преку исхрана богата со животински желатин и високопротеински намирници, кои придонесуваат за регенерација и младешки изглед на кожата.
Природни масла наместо скапи креми
Наместо да се потпира на козметички производи со хемикалии, Вергара користи природни масла, традиционално користени во нејзиното семејство. Најчесто нанесува масло од шипка и кокосово масло – моќни природни еликсири кои ја хидрираат, ја омекнуваат и ја штитат кожата од предвремено стареење. Богати со антиоксиданси и витамини, овие масла ја одржуваат кожата блескава и еластична.
Секојдневна заштита од сонце
Една од најважните рутини на актерката е користење крема со заштитен фактор, без разлика дали е лето или зима. Уште од нејзините 20-ти години, таа применува дневна заштита од УВ-зраци, што значително го забавува процесот на стареење. Таа преферира природни, минерални креми со цинк-оксид, кои се нежни за кожата, но истовремено ефикасни во борбата против штетните сончеви зраци.
Софија Вергара е инспирација за сите жени кои сакаат да изгледаат убаво и негувано на природен начин. Таа докажува дека доследноста, здравите навики и довербата во природата се доволни за блескав и младешки изглед – без игли и скалпели.
БОНУС ВИДЕО:
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!