ОВА Е ОБРАЗОВАНИЕТО НА КЕЈТ МИДЛТОН: Никогаш не работела по струката – некои би рекле среќа што се омажи!
ОВА Е ОБРАЗОВАНИЕТО НА КЕЈТ МИДЛТОН: Никогаш не работела по струката – некои би рекле среќа што се омажи!
Кејт Мидлтон е принцеза од Велс, војвотка од Кембриџ, грофица од Стратерн, полковник на Првиот баталјон на Ирската гарда – да ги споменеме само најважните титули. Еден ден ќе стане кралица на Обединетото Кралство. Но, дали знаете кое е нејзиното образование?
Фото: БАCКГРИД / Профимедиа
ОВА Е ОБРАЗОВАНИЕТО НА КЕЈТ МИДЛТОН!
Таа потекнува од обична, граѓанска фамилија, за разлика од принцезата Дајана, мајката на нејзиниот сопруг Вилијам, која била од благородно потекло. Сепак, Кејт живеела на висока нога и пред да влезе во Бакингемската палата.
Во доцните осумдесетти, нејзините родители започнале бизнис со продажба на опрема за забави и прослави, а компанијата доживеала огромен успех и заработила милиони. Тоа им овозможило на Кејт, нејзината сестра Пипа и братот Џејмс да добијат квалитетно образование.
Во 2001 година, Кејт се запишала на престижниот Универзитет Сент Ендрјус во Шкотска, каде што студирала историја на уметност. Во текот на студиите тренирала хокеј на трева и тенис, а одлично се снаоѓала и во други спортови.
По дипломирањето, Кејт им помагала на своите родители во семејната компанија, сè до денот кога на Вилијам му го кажа судбоносното „да“. Никогаш не работела во струката, но денес е покровител на бројни уметнички настани и патрон на неколку важни институции.
ОВА Е ОБРАЗОВАНИЕТО НА КЕЈТ МИДЛТОН!
Иако се работи за многу престижен универзитет, некои би рекле дека е многу подобро што се омажи и ѝ се посвети на семејството, и на тој начин си обезбеди посветла и, веруваме, подобра иднина.
ПОСЛЕ 15 ГОДИНИ МИРОСЛАВ ИЛИЌ СЕ ВРАЌА ВО АРЕНА ЗАГРЕБ!
„Нема ден а некој од Хрватска да не ме повика на настап“
На големата сцена во Арена Загреб ќе му се придружи голем оркестар, како и неколку славни гости, чии имиња ќе се чуваат во тајност до последниот ден. Сè со цел ова долгоочекувано вечерно случување навистина да биде спектакл. Со таа прилика, Мирослав Илиќ во Загреб ќе прослави повеќе од 50 години успешна кариера, како што неодамна направи и во Белград.
„Тоа ќе биде ноќ полна со спомени, бидејќи веќе три генерации пораснаа со моите песни. Еден сум од ретките изведувачи на чии концерти доаѓаат деца, родители, баби и дедовци. Сите сакаат да запеат и да наздрават. А кога ќе видам таква публика пред себе, тоа ми дава сила да полетам. Публиката ме подмладува и без разлика колку години имам, ќе пеам и во длабока старост. Сè додека ме служи гласот – и сè додека не ме изнесат од сцената“, изјави славниот пејач.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХYПЕ МК/Е.Л.