ОВА Е НОВИОТ ДЕЧКО НА МИНА КОСТИЌ: „Мојот сон за идеалната жена се оствари по 20 години“
ОВА Е НОВИОТ ДЕЧКО НА МИНА КОСТИЌ: „Мојот сон за идеалната жена се оствари по 20 години“
фото: Хyпе ТВ
Пејачката Мина Костиќ неодамна откри дека е во среќна врска, но наместо поддршка, наиде на потсмев и сомнежи. Нејзината необична љубовна приказна, која ја сподели на ТикТок, предизвика бурни реакции, а многумина тврдеа дека „Каспер не постои“. Сепак, сега работите добија поинаков тек.
Иако многумина се сомневаа во постоењето на партнерот за кој зборува пејачката, се покажа дека сè е вистина и сега тоа и официјално е потврдено.
Во една емисија, мистериозниот Каспер се вклучи во живо во програмата и потврди дека нивната љубов е вистинита.
ОВА Е НОВИОТ ДЕЧКО НА МИНА КОСТИЌ: „Мојот сон за идеалната жена се оствари по 20 години“
– Сè е вистинито. Мојот сон за идеалната жена се оствари по 20 години. Како во приказната за Бандерас и Мелани Грифит – немав нејзина слика, но знаев дека таа е вистинската. Ја запознав во живо, се сретнавме, сè е вистина. Ништо не е измислено. Каспер навистина постои. Мина ми изјави љубов јавно на ТикТок – изјави тој.
Каспер, кој на социјалните мрежи се потпишува како Ќурувија, се опишува со зборовите: „Личанец пред сè, Србин над сè, Њујорчанец по сè“. На неговиот профил на мрежата „X“ (поранешен Твитер) наведува дека е бизнис консултант од Њујорк, но дополнителни информации не се достапни бидејќи неговиот профил е заклучен.
По неговото вклучување, Мина откри уште детали за својот партнер:
– Го чувствувам тоа во душата, во срцето, во главата. Па дури и да ме лаже – убаво ме лаже. Тој е висок 198 см и има 45 години. Сè што сум кажала досега – е вистина – порача пејачката.
Хyпе ТВ
КОНCЕРТ ВО СКЕНДЕРИJА – ЛУКАС, ШКОРИḰ, ИЛИḰ – КАРТИ ТУКА.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!