ОЉА ЦРНОГОРАЦ ВО 41-ТА ГОДИНА ГО ОЧЕКУВА СВОЕТО ПРВО ДЕТЕ! Трудничкиот стомак во преден план – сите гледаат само во ЕДНО! (ВИДЕО)
ОЉА ЦРНОГОРАЦ ВО 41-ТА ГОДИНА ГО ОЧЕКУВА СВОЕТО ПРВО ДЕТЕ! Трудничкиот стомак во преден план – сите гледаат само во ЕДНО! (ВИДЕО)
Поранешната водителка Оља Црногорац во 41-та година од животот го очекува своето прво дете, по долги години борба за потомство.
Фото: Принтскрин Instagram/монтенегрина_о
Оља Црногорац во 41-та година го очекува своето прво дете
Оља брои денови до породувањето, а сега покажа како изгледа во тесен фустан. Се сними и го покажа трудничкиот стомак од сите агли.
– „О, мајко света, колку сум си смешна и самата на себе“ – напиша Црногорац покрај видео-снимката.
Оља Црногорац во 41-та година го очекува своето прво дете
Виеw тхис пост он Instagram
Инаку, Оља претходно откри дека носи машко дете, на кое ќе му го даде името Богдан.
Таа никогаш не криела дека нејзината најголема животна желба била да стане мајка, но поради здравствени проблеми лекарите со години ѝ велеле дека тоа нема да биде возможно. Сепак, нејзината желба се оствари во петтата деценија од животот.
– „Со години шетав по лекари, поминував низ бескрајни денови на страв и постојано ја слушав истата реченица: ‘Тешко ќе станеш мајка, сериозно си болна, немаме случај како твојот, имаш години, немаш добри јајце-клетки…’
Веќе десет години ги гледам децата на моите другарки и познанички, па тајно се расплакувам дома, затоа што помислувам:
‘Боже, зошто не сум доволно добра за да бидам мајка? Зошто ме оставаш без детска насмевка и прегратка? Зар моето срце да замине во гроб, а да не го чуе тоа – мама, те сакам?’“
– „Кога исплакав море солзи и решив да се посветам на моите и туѓите кучиња, Света Мајко, ти ме благослови.
Кога помислив дека мојата улога на овој свет е завршена, ти ме демантираше. Покажа дека медицината и скапите доктори – немаат поим!“ – напиша Оља.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ HYPE.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА VIBER, INSTAGRAM: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YOUTUBE КАНАЛОТ – HYPE МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХАЈП МК/Е.Л.