ОКТАЈ СЕЈДИ: ИКОНА НА СТИЛОТ И ИНСПИРАЦИЈА НА НОВИТЕ ГЕНЕРАЦИИ! (ВИДЕО)
ОКТАЈ СЕЈДИ: ИКОНА НА СТИЛОТ И ИНСПИРАЦИЈА НА НОВИТЕ ГЕНЕРАЦИИ! (ВИДЕО)
Стилистот и фризер Октај Сејди беше едно од највпечатливите лица на првата самостојна модна ревија на Љупка Митрова за нејзиниот бренд „Митрофф“. Октај не само што стоеше зад сцената како креатор на изгледи, туку овојпат и сам застана на пистата, прифаќајќи ја поканата од Љупка да ја претстави една од нејзините модни креации. Со својот самобитен стил и енергија, совршено го изнесе моделот, потврдувајќи уште еднаш зошто е еден од највлијателните имиња во македонската модна сцена.
Фото/ ХАЈП МК
ОКТАЈ СЕЈДИ: ИКОНА НА СТИЛОТ И ИНСПИРАЦИЈА НА НОВИТЕ ГЕНЕРАЦИИ!
Октај Сејди веќе долги години е присутен во светот на модата, каде гради респектабилна кариера како фризер, шминкер и стилист. Неговото студио е вистинско уметничко гнездо, каде создава изгледи за јавни личности, клиенти и кампањи кои оставаат впечаток. Освен што е мајстор зад сцена, Октај е и активен инфлуенсер на социјалните мрежи, каде што споделува инспиративна галерија на модни комбинации, совети за убавина и животен стил.
Препознатлив е по својот специфичен и уникатен моден израз, со чувство за естетика што ретко се среќава. Без страв од експериментирање и секогаш чекор пред трендовите, Октај станува пример за тоа како стилот може да биде лична изјава, а не само следење на модните диктати.
Фото/ ХАЈП МК
Неговата листа на соработки е долга и импресивна – од познати македонски ѕвезди до балкански музички имиња, па сè до соработка со големи брендови во рамки на рекламни кампањи. Секогаш присутен таму каде што се спојуваат уметноста, модата и гламурот, Октај со својата појава носи автентичност и професионалност.
ЗАПОЧНА ТИВКО НО СМЕЛО!
Она што го прави посебен не е само неговиот талент, туку и неговата скромност и страст кон работата. Кариерата ја започна тивко, чекор по чекор градејќи го својот пат со многу труд, љубов и верба во себеси. Денес, неговиот успех не е случајност, туку резултат на години посветеност и креативна еволуција.
Фото/ ХАЈП МК
Во интервју за Хајп МК, Октај отворено зборуваше за модата, убавината, личната нега и љубовта кон сцената. Истакна дека со задоволство ја прифатил поканата од Љупка Митрова да биде дел од модната писта, потенцирајќи дека соработката со брендот „Митрофф“ му претставувала чест и инспирација. Љупка, пак, не погрешила во изборот – токму Октај беше тој што на сцената внесе доза на автентичност, самодоверба и магија.
Во време кога модата бара храброст и визија, Октај Сејди е доказ дека индивидуалноста и креативноста се клучот за успех. Без разлика дали работи во студио, се појавува во јавност или дефилира на писта, тој секогаш носи нешто ново, оригинално и незаборавно.
ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ЦЕЛО ИНТЕРВЈУ ВО ПРОДОЛЖЕНИЕ!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ HYPE.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА VIBER, INSTAGRAM: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YOUTUBE КАНАЛОТ – HYPE МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХАЈП МК/Е.Л.