ОДБЕЛЕЖАНИ 80 ГОДИНИ ОД ПОБЕДАТА НАД ФАШИЗМОТ: ПОРАКА ЗА ЕДИНСТВО
ОДБЕЛЕЖАНИ 80 ГОДИНИ ОД ПОБЕДАТА НАД ФАШИЗМОТ: ПОРАКА ЗА ЕДИНСТВО
Фото / Википедија
Македонија одбележува 80 години од победата над фашизмот со силна порака – единство, достоинство и пат кон Европа! На партизанските гробишта, делегации од државниот врв, Армијата и Сојузот на борци положија свежо цвеќе, оддавајќи почит на хероите кои ги положија животите за слобода.
Вицепремиерот Љупчо Димовски ја нарече 9 Мај круна на македонската борба за државност и порача:
„Овој ден е заокружување на жртвите од Илинден до НОБ. Тоа е денот кога сонот за слободна, независна Македонија стана реалност. Да останеме обединети и да работиме за иднината што тие ја сонуваа – праведна и европска Македонија.“
Министерот за одбрана Владо Мисајловски, испрати порака и до земјите-членки на ЕУ:
„Македонските граѓани не бараат милост, туку фер шанса. Европа треба да го препознае нашиот напор – сакаме членство, но не по кратенки, туку по заслуга!“
Премиерот се приклучи со порака на обединетост:
„Не заборавајте – мирот кој денес го славиме е резултат на огромна жртва! Денот на Европа за нас не е симболика – тоа е патоказ за реформи, напредок и европска Македонија со свој идентитет.“
Собранискиот спикер Африм Гаши потсети дека законодавниот дом ќе биде двигател на реформите и порача:
„9 Мај нека биде поттик за уште посилна посветеност кон европската иднина!“
Следната шанса за нови ѕвезди: Подгориcа, 13 маj! Доколку сè уште не сте се приjавиле за натпреварувањето, не е доcна. Приjавете се за Хyпе Ѕвезди со клик на ОВОJ ЛИНК. Можете да jа пополните приjавата и на денот на аудиcиjата, на самото место.
Хyпе ТВ
КОНCЕРТ ВО СКЕНДЕРИJА – ЛУКАС, ШКОРИḰ, ИЛИḰ – КАРТИ ТУКА.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!