Обвинителките бараат доживотен затвор за Палевски и соучесниците за убиствата на Вања и Панче!
Обвинителките бараат доживотен затвор за Палевски и соучесниците за убиствата на Вања и Панче!
На вториот ден од завршните зборови во судскиот процес за монструозните киднапирања и убиства на Вања Ѓорчевска (14) од Скопје и Панче Жежовски (74) од Велес, обвинителките побараа доживотна затворска казна за главниот обвинет Љупчо Палевски – Палчо, како и за Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев.
фото:сдк
Според обвинението, Панче бил грабнат и убиен на 22 ноември 2023, а Вања пет дена подоцна. Обвинителката Ана Стојковиќ-Димитриевска посочи дека станува збор за свирепи и внимателно планирани злосторства, а обвинетите ниту во еден момент не се обиделе да ги спречат.
За таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој им дал информации за движењето на својата ќерка, обвинителката побара соодветна казна за соучесништво. „Не тврдиме дека сакал неговото дете да биде убиено, но свесно учествувал во нејзиното киднапирање“, рече обвинителката.
Обвинетиот Боре Видевски првично ги признал делата, но подоцна ги негирал. Обвинителството укажа дека неговата почетна изјава содржела детали кои само присутен може да ги знае. Кешишев, пак, ја однел полицијата до местото каде што било закопано телото на Вања, но не пријавил веднаш, верувајќи му на Палевски дека ќе добијат откуп.
Мајката на Вања, Зорица Ѓорчевска, преку адвокатката изјави дека се приклучува кон кривичниот прогон и бара правда за своето дете. Ќерките на Панче исто така побараа отштета за претрпената душевна болка.
Судењето продолжува со изрекување на пресудата во наредниот период.
Обвинителките бараат доживотен затвор за Палевски и соучесниците за убиствата на Вања и Панче!
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТ