НУТЕЛА: СЛАТКАТА ЛЕГЕНДА ШТО НАСТАНА ОД СИРОМАШТИЈА И ЛЕШНИЦИ!
НУТЕЛА: СЛАТКАТА ЛЕГЕНДА ШТО НАСТАНА ОД СИРОМАШТИЈА И ЛЕШНИЦИ!
фотто/АттраcтивеИталиа
Денес е речиси невозможно да се замисли утринско кафе или палачинка без познатата Нутелла, но малкумина знаат дека ова чоколадно чудо се родило од сиромаштија и недостиг на чоколадо по Втората светска војна.
Во годините по војната, чоколадото било прескапо и речиси недостапно за обичните Италијанци. Семејството Фереро, кое потекнува од градот Алба, препознало шанса во тоа што нивниот регион бил преполн со лешници. Тие си поставиле едноставно, но генијално прашање:
„Како можеме да создадеме нов рецепт со помалку какао, но со висока хранлива вредност на лешниците?“
Првиот обид се викал скромно – „супер крем“.
Две децении подоцна, благодарение на технолошкиот напредок, Микеле Фереро одлучил да го усоврши рецептот. Ги вклучил новите технологии и создаде нешто што ќе стане светска сензација. Така, во 1964 година е родена Нутелла – истата година кога се родил и неговиот син, Џовани Фереро, кој често се шегува дека има „помал брат“ во семејството – и тоа е токму Нутелла.
Под водство на Микеле, а денес на неговиот син Џовани, семејната империја прерасна во вистински слаткарски гигант. Според последните податоци на Форбес, богатството на компанијата Ферреро се проценува на 43 милијарди долари, што го сместува Џовани Фереро на 26. место на листата на најбогати луѓе во светот.
Со вакво наследство, Нутелла останува повеќе од крем – таа е симбол на италијанската креативност, традиција и глобален успех.
Хyпе ТВ
КОНCЕРТ ВО СКЕНДЕРИJА – ЛУКАС, ШКОРИḰ, ИЛИḰ – КАРТИ ТУКА.
БОНУС ВИДЕО!
КОЈА Е НОВАТА ДЕВОЈКА НА БАКА ПРАСЕ? Работела во ресторан, студира тежок факултет! (ФОТО)
ИНСТАГРАМОТ НА КАРЛЕУША ПОВТОРНО ИЗБРИШАН!
СНЕЖЕ ВЕЛКОВ ГО ДОБИЛА ИМЕТО ПО „СНЕЖАНА И СЕДУМТЕ ЏУЏИЊА“ – БРАТ И ГО ДАЛ ПРЕДЛОГОТ! (ФОТО)
Сидни Свини го украде шоуто на венчавката на Џеф Безос – сите погледи вперени во неа!
ВРЕМЕСКА БОМБА ЗА ПОНЕДЕЛНИК! — 30 ЈУНИ ВО СКОПЈЕ: ЖЕШКО, СТИЛСКО И СО ПРИВРЕМЕНИ ДОЖДОВИ!
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!