Нови докази ја уриваат одбраната на обвинетите за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски!
Нови докази ја уриваат одбраната на обвинетите за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски!
На денешното судско рочиште за случајот со киднапирањето и убиствата на Вања Ѓорчевска од Скопје и Панче Жежовски од Велес, Обвинителството изнесе нови докази што директно ја поткопуваат верзијата на обвинетите дека немале намера за убиство, туку само за грабнување.
фото: сдк.мк
Обвинителките Ана Стојковиќ Димитровска и Жаклина Крстевска Јосифовска презентираа видео снимки од критичниот период, каде што се гледа како обвинетите Велибор Манев и Боре Видевски се враќаат по заборавена лопата. Обвинителството оцени дека ваквиот чекор укажува на претходна намера и подготвеност за ликвидација, а не на спонтаност или несреќен развој на настаните, како што тврдеше одбраната.
„Фактот што обвинетите се вратиле по лопата уште пред првиот обид за киднапирање на Вања, покажува дека тие биле подготвени и за убиство“, рече обвинителката Стојковиќ Димитровска.
Дополнително, обвинителките укажаа дека користољубието како мотив е очигледно, иако не било побарано откуп. Намерата, според Обвинителството, била да се оствари материјална корист, што ја исклучува тезата дека нема мотив за убиствата.
Адвокатот на таткото на Вања, Александар Ѓорчевски – Владимир Туфегџиќ – истакна дека токму снимката што ја презентираше Обвинителството ја потврдува невината улога на неговиот клиент и укажува на тоа дека сторителите уште од почеток имале намера да убиваат.
Обвинетиот Љупчо Палевски, првоосомничен во случајот, повторно тврдеше дека на 22 ноември, кога е убиен Панче Жежовски, тој поправал котел кај сведокот Ерол Османи. Неговиот адвокат Јовица Страшевски критикуваше дека нема вештачење за оружјето и 9мм чаурата пронајдена кај местото Рудник кај Велес.
Боре Видевски, еден од обвинетите, во својата одбрана тврдеше дека бил на работа за време на критичните денови. Но, Обвинителството достави доказ од неговото претпријатие дека на 22 и 27 ноември не бил евидентиран на работното место. Неговиот адвокат Бојан Манев најави дека ќе повика сведоци – колеги од работа – за да го потврдат неговото присуство.
Судијата Ивица Стефановски го закажа следното рочиште за в среда. Случајот продолжува со интензивна динамика, а новите докази укажуваат на сериозни отстапки од тврдењата на обвинетите.
ГАЛЕНА ГИ СОБЛЕЧЕ ГАḰИЧКИТЕ НА СРЕД НАСТАП И ПОКАЖА КАКОВ ЧОВЕК Е!
МЕГАН ФОКС СЕ ПОРОДИ! Актерката го дочека своето прво дете со Машин Ган Кели!
СУДОТ ГО ОТСТРАНИ ПАЛЧО ОД СУДНИCА ПО БАРАНJЕ НА КЕШИШЕВ!
Кристина Димитри фатена во друштво на мистериозен маж – нова љубов на повидок?
Мариjа Луиса направи ПЕНА ФЕСТИВАЛ, овоj пат домаḱинството не ì тргна од рака!
Да не се шират дезинформаcии за Горан Тонев – гитаристот на ДНК! Апел од близок роднина!
Jон Фрчкоски КОРИСТЕЛ КОКАИН НА РАБОТНОТО МЕСТО! Поднесе оставка по обвинувањата!
Приведен маж од Радовиш по насилство врз бремена жена во живо на ТикТок!
Првиот паcиент успешно се врати во Македониjа!
ФАТЕНА СО ЗАДРУГАР ВО ХОТЕЛОТ! Душиcа Jаковљевиḱ по шоуто го напушти Белград!
БОНУС ВИДЕО:
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!