НОВИ ДЕТАЛИ ЗА СМРТТА НА ТАТКОТО НА РИЈАНА!
НОВИ ДЕТАЛИ ЗА СМРТТА НА ТАТКОТО НА РИЈАНА!
фото/ Тхе Индепендент
Смртта на таткото на светската ѕвезда Ријана, Роналд Фенти, доби нови детали по објавувањето на неговиот смртен лист. Според документите добиени од ТМЗ на 26 јуни, Роналд починал на 30 мај. Причината е акутна респираторна слабост, во комбинација со аспирациона пневмонија и метастатски панкреатичен карцином.
Дополнително, се споменуваат и можни придружни фактори како акутна бубрежна слабост и тубуларна некроза – сериозно оштетување на бубрезите. Роналд Фенти имаше 70 години.
Покрај Ријана, тој е татко и на синот Рори Фенти (35), како и на Саманта, Канди и Џејми – од претходни врски.
Ријана во текот на својата кариера неколкупати зборуваше за сложениот однос со татко ѝ. Бракот на нејзините родители завршил во 2002 година, поради неговите проблеми со зависност. Според неа, обновувањето на односите траело многу години.
Ријана е мајка на РЗА (3 години) и Рајот (22 месеци), а со партнерот А$АП Роки очекува и трето дете.
Хyпе ТВ
КОНCЕРТ ВО СКЕНДЕРИJА – ЛУКАС, ШКОРИḰ, ИЛИḰ – КАРТИ ТУКА.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!