Нова пресуда за родителите на Коста Кецмановиќ: Ќе ѝ платат 58.000 евра отштета на наставничката повредена во масакрот во „Рибникар“
Нова пресуда за родителите на Коста Кецмановиќ: Ќе ѝ платат 58.000 евра отштета на наставничката повредена во масакрот во „Рибникар“
Вишиот суд во Белград донесе пресуда со која родителите на Коста Кецмановиќ, момчето кое минатата година изврши масакр во основното училиште „Владислав Рибникар“, се обврзани да исплатат отштета од 58.000 евра на наставничката Татјана Стевановиќ.
фото:фокус
Пресудата е донесена во граѓанска постапка што Стевановиќ, наставничка по историја која беше ранета во нападот, ја покрена против Миљана и Владимир Кецмановиќ – родителите на сторителот.
Според одлуката на судот, Кецмановиќ се должни да исплатат 6,9 милиони динари (приближно 58.000 евра) на Стевановиќ за нематеријална штета – за физичка болка, трауматичен страв, психичка болка поради намалени животни активности и последици од обезличување. Дополнително, тие треба да ѝ исплатат и законска затезна камата, пресметана од денот на изрекување на пресудата.
фото:илустрација
Во образложението на пресудата, судот истакнува дека иако нападот се случил додека Коста бил под надзор на училиштето, одговорноста ја сносат и неговите родители поради пропусти во воспитувањето и поради тоа што му дале лош пример како родители.
Ова е прва пресуда од ваков вид по трагичниот настан кој го потресе регионот, а се очекуваат и други постапки поврзани со случајот што предизвика длабоки последици во српското општество.
БОНУС ВИДЕО:
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!