НИКОЛА ЈОКИЌ Е МВП НА ДЕЦЕНИЈАТА! Српскиот кошаркар направи нешто што никому досега не му успеа!
НИКОЛА ЈОКИЌ Е МВП НА ДЕЦЕНИЈАТА! Српскиот кошаркар направи нешто што никому досега не му успеа!
Иако оваа сезона не ја доби МВП наградата – која му припадна на Шеј Гилџес-Александер – Никола Јокиќ постигна нешто што никој друг во историјата на НБА не успеал.
Јокиќ трипати ја освои МВП наградата, и тоа без ниту еден соиграч со ол-стар калибар во првите десет сезони од својата кариера. Тоа го прави првиот играч кој успеал да го стори тоа во последните 42 години.
Според податоци на странски медиуми, во последниве 42 години, 25 различни играчи ја добиле оваа престижна награда, вклучувајќи го и Гилџес-Александер. Но, ниту еден од нив немал помалку од четири соиграчи кои биле избрани во првата петорка на НБА, за најдобар дефанзивец или биле ол-старови во сезоните кога тие ја освојувале наградата.
Виеw тхис пост он Инстаграм
Во просек, секој втор МВП имал по 16 соиграчи со некакво индивидуално признание. Јокиќ? Сè уште – нула. Без помош. Само чиста доминација која трае веќе над една деценија.
Покрај тоа, Никола стана само третиот играч во историјата на НБА кој во една сезона во просек бележи трипл-дабл. Исто така, е првиот кој истовремено се најде во топ 3 категории за поени, скокови, асистенции и украдени топки – со минимум 50 одиграни натпревари.
Никола Јокиќ е МВП на деценијата – статистиката не лаже!
БОНУС ВИДЕО:
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!