Никол Шерцингер блесна на својот 47. роденден – длабоко деколте, „Тони“ награда и нова животна етапа!
Никол Шерцингер блесна на својот 47. роденден – длабоко деколте, „Тони“ награда и нова животна етапа!
Никол Шерцингер повторно ја оправда титулата на една од најсексапилните и најхаризматични ѕвезди на светската сцена! Повод за славење имаше повеќе од еден – познатата пејачка и актерка го прослави својот 47. роденден и воедно го одбележа огромниот успех во кариерата, откако неодамна ја доби престижната награда „Тонy“ за најдобра женска улога во мјузиклот „Сунсет Боулевард“.
Фото:принтскрин/абц
Никол организираше приватна забава во друштво на блиски пријатели и соработници, но она што најмногу го привлече вниманието беа фотографиите од неа пред самата прослава. Таа гордо позираше во елегантен фустан со длабоко деколте, со што уште еднаш ја истакна својата беспрекорна фигура и природна убавина.
Со брановидна фризура, впечатлива шминка и шармантна насмевка, Никол зрачеше со самодоверба и задоволство – и тоа со полна причина!
Обожавателите ѝ упатија стотици честитки, но и коментари на сметка на нејзиниот заводлив изглед. Без дилема, Шерцингер покажа дека годините за неа се само број, а зрелоста само ја надградува нејзината убавина.
БОНУС ВИДЕО:
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!