Невреме го во североистокот на САД: Поплави во Њујорк, Њу Џерси под вонредна состојба!
Невреме го во североистокот на САД: Поплави во Њујорк, Њу Џерси под вонредна состојба!
Силните бури што го зафатија североисточниот дел на САД предизвикаа ненадејни и обилни поплави, при што Њујорк претрпе значителна штета, а во соседниот Њу Џерси беше прогласена вонредна состојба.
Фото/ сител.ком.мк
Градските власти на Њујорк синоќа издадоа предупредување за поплави што важеше за сите пет градски општини. Жителите беа советувани да ги избегнуваат подрумите и ниско поставените области, каде што опасноста од надојдена вода е најголема, јавува Индепендент.
На социјалните мрежи се појавија бројни видеа на кои се гледаат поплавени метро-станици, скали по кои се слева вода, и возила заглавени на поплавени улици. Метрото беше меѓу најпогодените инфраструктурни системи во градот.
Гувернерот на Њу Џерси, Фил Марфи, прогласи вонредна состојба и ги повика граѓаните да останат дома и да избегнуваат непотребни патувања. „Поради обилните врнежи и ризикот од поплави, апелираме за максимална претпазливост“, напиша Марфи на социјалната мрежа X (поранешен Твитер).
Невреме го во североистокот на САД!
Лошите временски услови исто така го нарушија воздушниот сообраќај на Источниот брег. Привремено беа приземјени летови на шест поголеми аеродроми, меѓу кои и ЏФК и Ла Гвардија во Њујорк, како и Њуарк Либерти во Њу Џерси. Патниците се соочија со повеќечасовни доцнења. Слични мерки беа преземени и на аеродромите во Филаделфија, Балтимор и Вашингтон.
Според Националната метеоролошка служба, во одредени делови на Њујорк наврнале меѓу 50 и 75 милиметри дожд за краток временски период.
Поплави во Њујорк, Њу Џерси под вонредна состојба!
Иако интензитетот на врнежите почнал да опаѓа во доцните попладневни часови, метеоролозите предупредуваат дека регионот би можел повторно да биде погоден од нов бран врнежи уште во текот на денешниот ден.
Покрај дождот, се очекуваат и екстремно високи температури и зголемена влажност. Градските власти издадоа дополнително предупредување за комбинација од силна топлина и можно продолжение на поплавите, со температури кои би можеле да достигнат или надминат 38 степени Целзиусови.
БОНУС ВИДЕО!
КОЈА Е НОВАТА ДЕВОЈКА НА БАКА ПРАСЕ? Работела во ресторан, студира тежок факултет! (ФОТО)
ИНСТАГРАМОТ НА КАРЛЕУША ПОВТОРНО ИЗБРИШАН!
СНЕЖЕ ВЕЛКОВ ГО ДОБИЛА ИМЕТО ПО „СНЕЖАНА И СЕДУМТЕ ЏУЏИЊА“ – БРАТ И ГО ДАЛ ПРЕДЛОГОТ! (ФОТО)
Сидни Свини го украде шоуто на венчавката на Џеф Безос – сите погледи вперени во неа!
ВРЕМЕСКА БОМБА ЗА ПОНЕДЕЛНИК! — 30 ЈУНИ ВО СКОПЈЕ: ЖЕШКО, СТИЛСКО И СО ПРИВРЕМЕНИ ДОЖДОВИ!
ХОРОСКОП ЗА 30 ЈУНИ, ПОНЕДЕЛНИК! НОВА МОЖНОСТ ВО ЖИВОТОТ НА РАКОТ ОВА ЛЕТО!
МАРКО ТАСЕВСКИ ИНДИГО: „НЕ МОЖЕ ДА ЗГРЕШИ НЕКОЈ ШТО ЗНАЕ ДА ЦРТА!“ (ВИДЕО)
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ HYPE.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА VIBER, INSTAGRAM: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YOUTUBE КАНАЛОТ – HYPE МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХАЈП МК/Е.Л.