НЕНАД ДИМИТРИЈЕВИЌ ПРЕД ВРАЌАЊЕ ВО РУСИЈА – СЕ СЕЛИ ВО ЗЕНИТ ЗА 3 МИЛИОНИ ЕВРА!
НЕНАД ДИМИТРИЈЕВИЌ ПРЕД ВРАЌАЊЕ ВО РУСИЈА – СЕ СЕЛИ ВО ЗЕНИТ ЗА 3 МИЛИОНИ ЕВРА!
ФОТО/насм
Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ (27) е на чекор од враќање во руската ВТБ лига, каде што веќе еднаш остави силен впечаток. Италијанските медиуми, вклучително и новинарот Андреа Калцони, објавија дека Димитријевиќ ќе потпише двегодишен договор со Зенит Санкт Петербург вреден 3 милиони евра.
По неуспешната сезона во редовите на Олимпија Милано, каде не доби значајна минутажа во Евролигата, македонскиот плејмејкер реши повторно да се врати во лигата каде што блескаше. Со тимот на Уникс Казан во 2023 година ја освои ВТБ лигата и беше прогласен за најкорисен играч на сезоната (МВП).
Според Калцони, трансферот ќе се реализира по исплатата од 500.000 евра од страна на Олимпија, како компензација за разликата во договорот, по што Димитријевиќ ќе стане слободен агент.
И покрај титулата МВП на Суперкупот на Италија во 2024 година, неговата улога во Милано беше ограничена – во Евролигата бележеше просек од 7,6 поени, 1,6 скока и 2,9 асистенции по натпревар, но критиките кон неговата одбрана го ставија почесто на клупата отколку на паркетот.
Димитријевиќ повторно го одби настапот за македонската репрезентација во августовскиот прозорец на ФИБА против Романија и Унгарија, бидејќи, како што се наведува, приоритет му било да ја среди својата клупска иднина.
Со враќањето во ВТБ лигата и потписот со Зенит, Димитријевиќ добива нова шанса да се врати во форма и да го потврди својот статус како еден од најталентираните македонски кошаркари во последната деценија.
Хyпе ТВ
КОНЦЕРТ ВО СКЕНДЕРИJА – ЛУКАС, ШКОРИḰ, ИЛИḰ – КАРТИ ТУКА.
БОНУС ВИДЕО!
КОЈА Е НОВАТА ДЕВОЈКА НА БАКА ПРАСЕ? Работела во ресторан, студира тежок факултет! (ФОТО)
ИНСТАГРАМОТ НА КАРЛЕУША ПОВТОРНО ИЗБРИШАН!
СНЕЖЕ ВЕЛКОВ ГО ДОБИЛА ИМЕТО ПО „СНЕЖАНА И СЕДУМТЕ ЏУЏИЊА“ – БРАТ И ГО ДАЛ ПРЕДЛОГОТ! (ФОТО)
Сидни Свини го украде шоуто на венчавката на Џеф Безос – сите погледи вперени во неа!
ВРЕМЕСКА БОМБА ЗА ПОНЕДЕЛНИК! — 30 ЈУНИ ВО СКОПЈЕ: ЖЕШКО, СТИЛСКО И СО ПРИВРЕМЕНИ ДОЖДОВИ!