„Некогаш најубавата, сега кожа и коски“ – фановите загрижени за Кејт Бекинсејл!
„Некогаш најубавата, сега кожа и коски“ – фановите загрижени за Кејт Бекинсејл!
фото:принтскрин/х/пагесих
Контроверзната холивудска актерка Кејт Бекинсејл повторно е во центарот на вниманието – но овојпат не поради моден избор, туку поради драматична трансформација на нејзиниот изглед што ги загрижи фановите ширум светот.
Откако објави фотографии во бикини на социјалните мрежи, следуваа бројни негативни коментари за нејзината драстична слабост. Некои коментари беа особено сурови: „Некогаш најубава, сега кожа и коски“, „Драга, ти треба помош“.
Фотографиите брзо беа избришани, но Бекинсејл не остана немоќна – таа одговори јавно на еден од загрижените фанови:
„Да, ми треба. Минувам низ најболниот период од мојот живот. Телото памти сè.“
Актерката минатата година беше хоспитализирана поради мистериозна болест, а оттогаш се соочува со тежок личен период – губење на својот очув и сериозно нарушено здравје на нејзината мајка.
Иако и понатаму важи за една од најстилските жени во Холивуд, фановите повикуваат на поддршка и сочувство, а не осуда, во време кога Кејт очигледно се справува со тешка животна битка.
„Некогаш најубавата, сега кожа и коски“ – фановите загрижени за Кејт Бекинсејл!
БОНУС ВИДЕО:
Сидни Свини го украде шоуто на венчавката на Џеф Безос – сите погледи вперени во неа!