„НЕ СУМ ВЕЌЕ ВО БАНКРОТ!“ – СТЕФАН ЛАЗАРОВ СО НОВ УДАР НА ИНСТАГРАМ, ФАНОВИТЕ ВО ЧУДО ПОРАДИ… (ФОТО)
„НЕ СУМ ВЕЌЕ ВО БАНКРОТ!“ – СТЕФАН ЛАЗАРОВ СО НОВ УДАР НА ИНСТАГРАМ, ФАНОВИТЕ ВО ЧУДО ПОРАДИ… (ФОТО)
Најактуелниот естраден лик на македонската сцена, Стефан Лазаров, повторно е во центарот на вниманието. Познат по својата активност на социјалните мрежи, тој секојдневно споделува делови од својот приватен живот, кој често знае да биде интересен, провокативен, но и искрен.
Фото/ ХАЈП МК
ЛУНА БЕЈКОВ НА ЛЕТУВАЊЕ СО СВОЈОТ ДЕЧКО – УЖИВААТ ВО РОМАНТИКА! (ФОТО)
Неговата последна објава на Инстаграм предизвика вистинска бура од реакции. Стефан објави фотографија од внатрешноста на луксузен автомобил „Мерcедес-Бенз“, со натпис:
„Не сум веќе во банкрот, затоа не ја продавам!“
Фото/принтскрин/Инстаграм/__лазаров
„НЕ СУМ ВЕЌЕ ВО БАНКРОТ!“
Ова доаѓа откако пред извесно време јавно објави дека го продава истиот автомобил поради финансиски проблеми, наведувајќи дека „банкротирал“. Многумина се загрижија, а други пак го исмејуваа за неговите трошоци и избори. Сепак, излегува дека се работи за шега и игра на зборови. Автомобилот не бил продаден – напротив, Лазаров открил дека во изминатиот месец тестирал ново возило, а сега се враќа на „старото“ милениче.
И додека некои фанови му се радуваат што повторно го гледаат во „мерцедесот“, други пак коментираат зошто ваков стил на живот го дели јавно, алудирајќи на (претпоставено) незаслужени или пренагласени приходи. Како и обично, Лазаров не реагира на хејтерските коментари и продолжува со својот хумористичен и безгрижен пристап на платформата.
Во моментов, инфлуенсерот е на пат кон Охрид, каде што најавува богата содржина за гледачите од летното издание на неговиот познат „Лазаров Подкаст“. Следбениците со нетрпение очекуваат што ќе следи – нови гости, нови приказни, но и нови изненадувања од човекот кој ретко молчи, и секогаш знае како да привлече внимание.
БОНУС ВИДЕО!
ЕКСКЛУЗИВНО ИНТЕРВЈУ! НИНА РЕД: „СУМ ПЛАЧЕЛА ПОРАДИ НЕГАТИВНИ КОМЕНТАРИ!“ (ВИДЕО)
ОКТАЈ СЕЈДИ: ИКОНА НА СТИЛОТ И ИНСПИРАЦИЈА НА НОВИТЕ ГЕНЕРАЦИИ! (ВИДЕО)
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ HYPE.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА VIBER, INSTAGRAM: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YOUTUBE КАНАЛОТ – HYPE МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХАЈП МК/Е.Л.