НЕ СЕ ПОЈАВУВА НА СЦЕНА, НО ГО ГРАДИ ХАЈПОТ НА ЅВЕЗДИТЕ! КОЈ Е МАРТИН ТАСЕВСКИ УМЕТНИКОТ ПОЗАДИ КАМЕРАТА?
НЕ СЕ ПОЈАВУВА НА СЦЕНА, НО ГО ГРАДИ ХАЈПОТ НА ЅВЕЗДИТЕ! КОЈ Е МАРТИН ТАСЕВСКИ УМЕТНИКОТ ПОЗАДИ КАМЕРАТА?
Тој не настапува на сцена, не пее и не танцува… но зад камерата е мајстор на емоции, движење и момент.
Мартин Тасевски – млад и талентиран видео едитор и фотограф, е името кое сѐ почесто го слушаме зад најголемите видеа и кампањи на македонската и балканската естрада. Толку млад а, веќе има портфолио какво што многумина сонуваат.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/мартинтасевски_
Од музички видеа, модни едиторијали, до реклами за водечки брендови, овој креативен уметник се издвојува по својот визуелен стил и вештината да ја фати суштината на моментот – нешто што не може да се научи, туку се носи во душа.
КОЈ Е МАРТИН ТАСЕВСКИ?
Мартин е млад креативец кој пред неколку години започна скромно, со камера во рака и огромна љубов кон уметноста. Но денес, неговиот календар е преполн со ангажмани, снимања и постпродукциски маратони. Работи на ексклузивни проекти за најголемите музички имиња и комерцијални брендови, чии кампањи се пуштаат низ цел Балкан.
НЕ СЕ ПОЈАВУВА НА СЦЕНА, НО ГО ГРАДИ ХАЈПОТ НА ЅВЕЗДИТЕ!
Виеw тхис пост он Инстаграм
Во разговор за ХАЈП.мк, Мартин открива:
„Љубовта кон видеото и фотографијата ми дојде сосема природно – уште како дете гледав светот низ рамка. Камерата ми беше како продолжение на раката, средство преку кое можам да кажам приказни кои зборовите не можат да ги доловат.“
ЗАД КАМЕРАТА СО СЕНИДА
Една од најзначајните соработки во неговата досегашна кариера е токму со балканската мегаѕвезда Сенида. Тасевски беше дел од тимот кој стои зад видеото кое стана вирално само неколку часа по објавата.
„Работата со Сенида беше како магија – таа знае точно што сака, а ми даде и комплетна доверба и креативна слобода. Низ процесот научив многу – не само технички, туку и како визуелната уметност може да биде толку моќна форма на изразување.“
Виеw тхис пост он Инстаграм
ИДНИНАТА Е СВЕТЛА (И ВЕЌЕ СЕ СНИМА!)
Мартин продолжува да работи на неколку нови кампањи, меѓу кои една тајна модна соработка со интернационален бренд, како и на подготовка на нови кампањи со македонски инфлуенсери.
Она што го прави посебен не се само техничките вештини, туку и неговиот „филмски ум“ – способноста да гледа каде другите само гледаат кадар.
Виеw тхис пост он Инстаграм
ХАЈП.мк ќе продолжи да го следи овој неверојатен млад уметник. А вие, следниот пат кога ќе видите неверојатно музичко видео, модна кампања или креативна реклама – сетете се на името Мартин Тасевски. Затоа што тој не само што го снима ХАЈПОТ, туку и го создава!
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХYПЕ МК/Е.Л.