НАУЧНА СЕНЗАЦИЈА: АНТАРКТИКОТ СОКРИВА ДРЕВНИ РАМНИНИ СО ДОЛЖИНА ОД 3.500 КИЛОМЕТРИ!
НАУЧНА СЕНЗАЦИЈА: АНТАРКТИКОТ СОКРИВА ДРЕВНИ РАМНИНИ СО ДОЛЖИНА ОД 3.500 КИЛОМЕТРИ!
фото/сwооп антартиcа
Под 34 милиони години старата ледена покривка на Источен Антарктик се крие импресивен геолошки пејзаж што досега не бил откриен. Научниците открија огромни, екстремно рамни површини, кои се протегаат по должината на источниот брег на континентот, на растојание од околу 3.500 километри – откритие што го менува разбирањето за формирањето и еволуцијата на Антарктикот.
Овие древни површини, според истражувачите, се формирале пред околу 80 милиони години, кога Австралија и Источен Антарктик се раздвоиле. Веројатно ги израмниле големи реки кои течеја преку континентот пред истиот да се замрзне. Денес, тие рамни предели се целосно покриени со мраз и одделени со длабоки жлебови низ кои сè уште се движат глечери.
Главниот автор на студијата, д-р Гај Паксман од Универзитетот Дарам, вели дека овие структури не само што се редок природен феномен на Земјата, туку и меѓу најспектакуларните геолошки појави во целиот Сончев систем. Според него, новите податоци го откриваат “невидливиот облик” на континентот и фрлаат светло врз тоа како мразот реагира на глобалните климатски промени.
Студијата објавена во реномираното списание „Натуре Геосcиенcе“ истакнува дека токму овие рамни површини го забавуваат движењето на ледот, делувајќи како природни бариери што го ограничуваат темпото на топење на ледената покривка.
Научниците предупредуваат дека ако источниот мраз на Антарктикот се стопи целосно, нивото на светските мориња би можело да порасне за дури 52 метри. Токму затоа, разбирањето на овој подземен свет е клучно за идните климатски предвидувања и глобалната еколошка стабилност.
Овие нови сознанија уште еднаш потврдуваат дека Антарктикот е континент полн со тајни, чиј значај во глобалниот климатски систем сè уште не е целосно разјаснет.
КАДЕ МОЖЕТЕ ДА НЕ ГЛЕДАТЕ!
Хyпе ТВ
КОНЦЕРТ ВО СКЕНДЕРИJА – ЛУКАС, ШКОРИḰ, ИЛИḰ – КАРТИ ТУКА.
БОНУС ВИДЕО!
КОЈА Е НОВАТА ДЕВОЈКА НА БАКА ПРАСЕ? Работела во ресторан, студира тежок факултет! (ФОТО)
ИНСТАГРАМОТ НА КАРЛЕУША ПОВТОРНО ИЗБРИШАН!
СНЕЖЕ ВЕЛКОВ ГО ДОБИЛА ИМЕТО ПО „СНЕЖАНА И СЕДУМТЕ ЏУЏИЊА“ – БРАТ И ГО ДАЛ ПРЕДЛОГОТ! (ФОТО)
Сидни Свини го украде шоуто на венчавката на Џеф Безос – сите погледи вперени во неа!
ВРЕМЕСКА БОМБА ЗА ПОНЕДЕЛНИК! — 30 ЈУНИ ВО СКОПЈЕ: ЖЕШКО, СТИЛСКО И СО ПРИВРЕМЕНИ ДОЖДОВИ!