НАЈСКАПИОТ СВАДБЕН ПОКЛОН ВО ИСТОРИЈАТА НА ЉУБОВТА?! Џеф Безос го покажа богатството!
Светот на модата и милијардите стои на нозе по веста што го шокира шоу-бизнесот: Џеф Безос подготвува легендарен свадбен подарок за својата свршеница Лорен Санчез – и тоа ништо помалку од целиот медиумски гигант Condé Nast, издавачот на Vogue!

photo:usatoday
Шпекулациите од Њујорк велат дека милијардерот е на чекор до купување на славната модна куќа, а како симболичен вовед во таа трансакција, Лорен се појави на насловната страница на Vogue во венчаница од „Долче и Габана“, избрана од самата Ана Винтур!
Додека Condé Nast формално негира, вработените низ Лондон и Њујорк шепотат: „Безос го купува Vogue!“ – а откажувањата, реорганизациите и мистериозната оставка на директорката за Европа само ги засилија гласините.
Со години блиски пријатели, Безос, Санчез и Ана Винтур сега се гледаат како тројца клучни играчи во можната модна револуција што може да го пренасочи Vogue од медиумскиот елитизам кон нова ера на љубов, луксуз и лична визија.
Ако купувањето на The Washington Post во 2013 беше најава дека Безос не сака само технолошко влијание, тогаш Vogue како свадбен подарок е чисто модно крунисување на неговата љубовна и бизнис-одисеја.
Љубов како инвестиција? Со ваков гест, Џеф Безос не само што ѝ подарува модна империја на својата сакана – тој испишува нова страница во историјата на шоу-бизнисот!
БОНУС ВИДЕО:
Сидни Свини го украде шоуто на венчавката на Џеф Безос – сите погледи вперени во неа!