НАСИЛСТВО, ГРАБЕЖИ, МАФИЈАШИ… Криминалното минато и обемното полициско досие на Светлана Ражнатовиќ, а сега и нејзиното име НА МЕСТОТО НА ОБИДОТ ЗА УБИСТВО на Саша Мирковиќ!
НАСИЛСТВО, ГРАБЕЖИ, МАФИЈАШИ… Криминалното минато и обемното полициско досие на Светлана Ражнатовиќ, а сега и нејзиното име НА МЕСТОТО НА ОБИДОТ ЗА УБИСТВО на Саша Мирковиќ!
НАСИЛСТВО, ГРАБЕЖИ, МАФИЈАШИ… Криминалното минато и обемното полициско досие на фолк-пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ, вдовицата на командантот на паравоената формација „Тигри“ Жељко Ражнатовиќ Аркан, повторно ја вратија во фокусот на јавноста по инцидентот во Загреб, кога беше направен обид за атентат врз Саша Мирковиќ – сопственикот на телевизијата и продукцијата Хyпе пред хотелот „Шератон“.
пхото: Хyпе/Кобра
Да потсетиме, Саша Мирковиќ откри дека за време на мачниот напад, Велибор Поповиќ Поп го спомнал името на Светлана Ражнатовиќ и на Аца Пејовиќ.
Имено, Ражнатовиќ неколку пати била предмет на истраги од страна на надлежните органи, а делата што ѝ биле ставани на товар, најблаго речено, може да се опишат како тешки кривични дела. (извор: портал Нова.рс)
Завршниците на скоро сите случаи не беа ниту законски, ниту логични. А јавноста стекна впечаток дека од секоја судница излегува со нови илјадници обожаватели.
Незаконска продажба на фудбалери
Дефинитивно најголемото криминално дело за кое беше гонета, а со кое таа и нејзината сестра Лидија Оцоколиќ наводно заработиле 4,1 милион германски марки и 3.480.000 долари, е продажбата на 10 фудбалери од „ФК Обилиќ“ на странски клубови.
Истрагата за ова дело започна во 2003 година, а за подигнување на обвинение се чекаше цели осум години. Јавноста уште тогаш тврдеше дека вдовицата на паравоениот командант Аркан е недопирлива.
„Со одлучност можам да кажам дека обвинителството ѝ се спротивстави на сите видови притисоци. И дека во овој процес нема да има заштитени. Секој што направил кривично дело, ќе мора да одговара пред законот“, изјави Тома Зориќ, тогашен портпарол на Републичкото јавно обвинителство.
Во тој момент, таа беше обвинета за злоупотреба на службена положба и поседување 11 пиштоли.
Се нагоди со обвинителството, плати милион и пол евра во три рати и доби една година куќен притвор со наногвица.
Финансиската истрага што беше наредена подоцна беше запрена.
МИА И ТИЈАНА САМИ НА ПЛАЖА ВО МАЛДИВИ – СЕ НУРНАА ВО ДЛАБОКОТО! (ВИДЕО)
Апсење во акцијата „Сабја“
Во акцијата „Сабја“ беше уапсена по убиството на тогашниот премиер Зоран Ѓинѓиќ.
Заврши зад решетки под сомнение дека криела водачи на Земунскиот клан, кој го изврши убиството на Ѓинѓиќ. Во нејзиниот дом беше пронајден арсенал оружје.
На сослушувањето изјавила дека Душан Спасојевиќ – Шиптар, побарал од неа да му обезбеди алиби за време на убиството.
„Тогаш Спасојевиќ ме праша да кажам во полиција дека бил цело време кај мене. Да кажам дека бил подолго отколку што навистина беше. Сфатив дека ми бара алиби за убиството на Ѓинѓиќ“, изјавила тогаш Ражнатовиќ. Во притвор помина четири месеци. (извор: истиот портал)
Пукање во „Ступица“
Нејзината врска со Душан Спасојевиќ, водачот на „Земунците“, бил Милорад Улемек – Легија. По прославата на роденденот на Светлана во „Ступица“, дошло до инцидент и пукање во кое учествувал Легија. По тој настан, тој ја напуштил полицијата каде што бил командир на специјалните единици.
Исто така, во 2007 година, на судењето на „Земунскиот клан“ беше откриено дека таа му ја дала информацијата за киднапирањето на Жељко Митровиќ. Поради тоа, ѝ беше забрането да се појавува на неговите телевизии.
Претепување на Оларевиќ
Светлана Ражнатовиќ и нејзиниот зет Предраг Оцоколиќ беа обвинети во 2007 година дека му се заканувале и физички го нападнале директорот на ФК „Млади пролетер“ – Александар Оларевиќ.
Пејачката тогаш тврдела дека таа и нејзиниот зет, како претставници на ФК „Обилиќ“, дошле во клубот за да му го предадат решението на Министерството за спорт од 15 мај 2007 година, за враќање во претходната состојба.
Според тоа решение, кое Оларевиќ одбивал официјално да го прими, ФК „Млади пролетер“ преминува под ингеренција на ФК „Обилиќ“, како „Млади Обилиќ“, а тој мора веднаш да го напушти клубот.
Пејачката и зетот дошле пред управната зграда на клубот и го повикале Оларевиќ да излезе надвор. Потоа го навредувале, а Оцоколиќ го удрил во десната страна од лицето.
Меѓутоа, Оларевиќ подоцна ја повлекол тужбата.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХYПЕ МК/Е.Л.