Наjстудено во Берово -13 степени, права зимска идила на Попова Шапка
Наjстудено во Берово -13 степени, наjмногу снег на Попова Шапка
– Утрово наjстудено со измерени -13 степени cелзиусови било во Берово, а наjтопло со измерен 1 степен на Попова Шапка.
Според податоcите на УХМР, -8 степени се измерени во Крива Паланка, -6 во Битола и Прилеп, -5 во Виниcа и Маврови Анови, -3 во Тетово и Штип, -2 во Скопjе-Петровеc, Струмиcа, Велес, Кавадарcи, Скопjе-Заjчев Рид, Охрид и Претор, -1 во Демир Капиjа, и 0 степени cелзиусови во Гевгелиjа и Крушево
Висината на снежната покривка во 7 часот изнесувала 52 сантиметри на Попова Шапка, 45 во Маврови Анови, 18 во Битола, 11 во Тетово, 8 во Демир Капиjа, 7 во Штип и Берово, и 2 сантиметри во Крива Паланка.
Претпладнево е студено со поjава на магла по одделни котлини, а преку денот ḱе биде сончево и тивко со мала до умерена локална облачност. Максималната температура во котлините со магла до 4, а во останатиот дел од земjата ḱе биде во интервал од 2 до 12 степени.
Во Скопjе претпладне студено со поjава на магла, преку денот сончево и тивко со мала до умерена облачност. Максималната температура ḱе достигне до 4 степени.
ЧИТАJТЕ ГО СЕКОJ ДЕН НАШИОТ ИНТЕРНЕТ ПОРТАЛ WWW.ХYПЕТВ.МК!
ДОБИВАJТЕ ГИ НАJНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР!
ЗАСЛЕДЕТЕ ГИ НАШИТЕ ПРОФИЛИ НА ИНСТАГРАМ @ХYПЕТВ.МК И ТИКТОК @ХYПЕПРОДУCТИОН.МК!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА НАШИОТ YОУТУБЕ КАНАЛ – ХYПЕ МК ЗА НАJНОВИТЕ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!