НАГЛОТО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ТЕМПЕРАТУРАТА МОЖЕ ДА ПРЕДИЗВИКА ТОПЛИНСКИ УДАР: Еве каква е првата помош додека да пристигнат лекарите!
НАГЛОТО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ТЕМПЕРАТУРАТА МОЖЕ ДА ПРЕДИЗВИКА ТОПЛИНСКИ УДАР: Еве каква е првата помош додека да пристигнат лекарите!
Топлински удар – симптоми
Топлински удар може да добијат работници во пекари или во индустриски погони во близина на високи печки, но и невнимателни возачи во прегреани автомобили, кампери кои спијат во несоодветно опремен шатор и слично.
Фото: Пеxлес
Топлинскиот удар настанува како резултат на нагло и прекумерно зголемување на телесната температура и неможност на организмот да ја одржи во нормални граници. Обично се јавува кога влажноста на воздухот е зголемена за време на летните горештини, бидејќи во такви услови е отежнато потењето.
Во ваква состојба телесната температура постојано расте и може да достигне и до 40 степени целзиусови. Толку висока температура доведува до нарушување на функцијата на централниот нервен систем. Може да резултира со делириум, конвулзии, па дури и кома. Ако оваа состојба потрае, може да дојде до трајни оштетувања и невролошки нарушувања. Организмот реагира со системска реакција, која може да доведе до состојба на шок.
Симптоми:
Малаксаност и грчеви
Вртоглавица
Жед
Слабост
Прекин на потење
Силна главоболка
Ѕвонење во ушите, пулсирање во градите
Кожата станува сува и црвена
Пулсот е слаб и многу забрзан
Топлинскиот удар настанува нагло и без претходна најава – со ненадеен колапс и паѓање на крвниот притисок. Станува збор за сериозно акутно нарушување, кое се јавува поради прекин на терморегулацијата на телото. Бо најтешките случаи може да доведе до кома и смрт на лицето. Поради тоа, неопходна е итна лекарска интервенција.
Прва помош
Во случај на топлински удар, како и кај сончаница, мора веднаш да се интервенира и да се започне со разладување. Лицето треба да се префрли на сенка, да му се отстрани облеката и обилно да се разладува со ладна вода. Неопходно е веднаш да се повика брза помош!
За време на топлински удар, телото ја губи способноста за терморегулација, па може или да се прегрее или, во некои случаи, да се разлади. Затоа, во потешки случаи, потребно е постојано мерење на телесната температура и, во согласност со тоа, лицето да се разладува или загрева.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХYПЕ МК/Е.Л.