„НА СВОЈА РАКА ПРЕСТАНА ДА ПИЕ ТЕРАПИЈА“ Ексклузивно огласување на поранешното момче на Миљана за Хyпе ТВ! Ги разобличи Кулиќеви: „Мислеа дека сум со неа од КОРИСТ…“
„НА СВОЈА РАКА ПРЕСТАНА ДА ПИЕ ТЕРАПИЈА“ Ексклузивно огласување на поранешното момче на Миљана за Хyпе ТВ! Ги разобличи Кулиќеви: „Мислеа дека сум со неа од КОРИСТ…“
Се огласи поранешното момче на Миљана Кулиќ
Поранешното момче на Миљана Кулиќ, Милош Васиљевиќ се огласи за Хyпе ТВ откако Марија Кулиќ го обвини дека Миљана повторно почнала да се коцка поради него.
Фото: Инстаграм/миљанакулиc
Милош на самиот почеток откри дали бил во нивниот дом кога се одвила драмата по која Кулиќева заврши во болницата „Доња Топоница“.
– Не бев таму во тој момент, навистина не знам што се случувало. Знам како и сите други, од ова што го прочитав во весниците. Бев кај нив пред сè што се случи. Кога настана проблемот, јас веќе бев дома – изјави Милош за Хyпе ТВ, а потоа откри зошто доаѓало до конфликти меѓу него и Марија.
„Не можев да влијаам на Миљаното коцкање“
– Со Марија имав расправии затоа што ѝ правев друштво на Миљана, односно бев принуден да одам со неа на кафе, а всушност наводно беше кафе, па потоа влезе во обложувалница да се коцка. Не можев да влијаам на неа да не го прави тоа, нејзиниот татко и мајка не можат да ѝ забранат, а камоли јас – од тоа нема ништо. Буквално ме тераше да влезам со неа. Таа одеднаш не може да престане да се коцка, тоа е исто како на пушач да му ја земеш цигарата, едноставно, не можев да влијаам на неа, а Марија ми го замеруваше тоа и затоа ме навредуваше – рече тој.
Се огласи поранешното момче на Миљана Кулиќ

Фото: Приватна архива/Марија Кулиќ, Миљана Кулиќ
Фото: Приватна архива/Марија Кулиќ, Миљана Кулиќ
Кога станува збор за Миљанината терапија, Васиљевиќ има сомнеж дека таа самоволно престанала да ја пие.
– Таа ја пиеше терапијата колку што знам, и колку што сум слушал приказни, но не можам баш да тврдам. Исто така мислам дека самоволно престанала да ја зема – рече Милош, а потоа откри дека не знае зошто Марија не го „сакаше“.
– Не знам, ништо лошо не ѝ направив. Марија се навредила кога слушнала од други дека сум одел со Миљана да се коцка. А јас ѝ дадов збор и ѝ ветив дека, ако тогаш отиде во обложувалница, јас повеќе нема да бидам со неа. Не можев да се изборам со неа. Таа буквално ме влечеше да влезам со неа внатре. Што можев да ѝ направам во тие моменти, ништо! – раскажа поранешното момче на Миљана Кулиќ.
Милош понатаму во разговорот за Хyпе ТВ раскажа како изгледал неговиот однос со остатокот од семејството Кулиќ, како и дека имал прилика да помине време со Миљаниниот син Жељко.
Фото: Ата имагес/Илустрација/ Принтскрин/ спбтопониcа
„Го запознав малиот Жељко“
– Ги запознав сите, бев во нивниот дом. Марија и Синиша на почетокот мислеа дека сум со Миљана од корист. Но тоа навистина не е точно. Знам како ми беше со неа, сè беше супер и тргна на уште подобро. Сè додека првпат не се, да речеме, скараа, затоа што не можевме да се договориме околу излегување. Тргнавме и потоа таа застана пред огледалото и рече: „Како сум дебела, нема да одиме никаде“, и тука настана голем проблем. Кога станува збор за Тијана и Ана, со нив имав коректен однос – „здраво-здраво“. Го запознав малиот Жељко. Тој е прекрасно дете, се игравме заедно и така – рече Милош.
На самиот крај, Васиљевиќ откри и дека не е сигурен дали ќе дојде до помирување со Миљана.
– Не знам, искрено. Договорот беше сè да се смири неколку дена, па да разговараме. Но не успеав, затоа што ме навредуваа и Миљана и Марија. Сешто ми кажаа. Ако се сети, по излегување од болница, да ме побара – ќе разговарам со неа. Но сега навистина не знам дали ќе дојде до помирување – заклучи Милош за Хyпе ТВ.
Хyпе ТВ
КОНCЕРТ ВО СКЕНДЕРИJА – ЛУКАС, ШКОРИḰ, ИЛИḰ – КАРТИ ТУКА.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!
ХYПЕ МК/Д.Н.