НА КУМАТА Ѝ СЕ ЗАПАЛИ КОСАТА СРЕДЕ КРШТЕВАЊЕ! Вирално видео ги обиколи мрежите – таа ги откри своите „ГРЕВОВИ“ (ВИДЕО)
Една млада кума стана вистински вирален хит на социјалните мрежи откако за време на крштевање – буквално – ѝ се запали косата.

Фото: printscreen/TikTok/despo1na.dx
Снимката од инцидентот, кој се случил во моментот додека девојката го држела кумчето пред олтарот, веќе има над 1,6 милиони прегледи. Во видеото, подоцна во монтажа, е додадена и песната „Káps’te ta óla“ („Запалете сè“).
Како што самата напишала во коментарите, косата што се запалила била нејзина природна, без надградба, и ја пуштала да расте повеќе од една година.
Кумата не останала должна:
„Не разбрав на што мислите, што тоа не сум имала, па не сум почитувала? Затоа што фустанот имал едно шлицче од страна? Гледаме што прават и оние што се преправаат дека се побожни, а сториле сите можни гревови.“
ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: УДАР СО НОГА ВО ГЛАВА – СНИМЕНО ДИРЕКТНО!
Видеото предизвика лавина коментари – од поддршка и шеги, до критики и осуди – но едно е сигурно: ова крштевање никој од присутните нема да го заборави!
Кумата се пошегувала:
„Јас отсекогаш од Велигден сум се плашела, а на крајот ми се случи на крштевање“, обидувајќи се да ги смири загрижените следбеници.
https://www.tiktok.com/@despo1na.dx/video/7511006335236934934
Иако сцената изгледала драматично, младата жена истакнува дека и таа и бебето поминале без повреди.
„Бидејќи немав изгореници, а и детето не беше повредено – сè е во ред“, навела таа, додавајќи:
„Се испаничив, но за среќа не предизвика голема штета и косата може да се спаси. Имав среќа.“
Сепак, инцидентот предизвика и несоодветни коментари. Еден корисник напишал:
„Како одиш така во црква, нормално што ти се случи – малку почит во домот Христов, девојко, не одиш во клуб на пијачка.“
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ HYPE.MK!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА VIBER, INSTAGRAM: @hypetv.mk!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YOUTUBE KANALOT – HYPE MK ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
HYPE MK/Е.Л.