НА ДЕНЕШЕН ДЕН ПРЕД 80 ГОДИНИ:ПРВ ПРЕНОС НА МАКЕДОНСКИ JАЗИК ОД РАДИО СКОПJЕ!
НА ДЕНЕШЕН ДЕН ПРЕД 80 ГОДИНИ:ПРВ ПРЕНОС НА МАКЕДОНСКИ JАЗИК ОД РАДИО СКОПJЕ!
На 28 декември 1944 година, Радио Скопjе го емитуваше првиот пренос на македонски jазик. Тоа беше историски момент кога од салата на Собранието беше пренесено Второто заседание на Антифашистичкото собрание на Народното ослободување на Македониjа (АСНОМ).
Првите зборови што одекнаа низ етерот беа: “Зборуе радио Скопjе, Зборуе радио Скопjе. Драги слушатели, од салата на Собранието вршиме директен пренос на Второто заседание на АСНОМ!”
Честа да ги изговори овие први зборови jа имаше Владо Малески, истакнат македонски писател но и општествено политички работник и револуcионер. Некоj коj во своjата биографиjа има доста богато книжевно творештво!
Сведоштвата за овоj момент ги откри професорката Мирjана Малеска, коjа што при средување на семеjната архива во Струга пронашла записи од неjзиниот свекор. Во своjот запис, Малески jа опишал скромната техничка опрема, и обjаснил како со огромна посветеност тимот на Радио Скопjе успеал да го реализира овоj историски момент!
Малески во своите белешки обjаснува како и покраj скромните ресурси успеале да jа подготват радио станиcата за пренос. Опишал како неуморно работеле во населбата Маджари, монтирале нов предавател и обновувале урнати антенски столбови за да овозможат пренос дури и со ограничен домет.
„Не се сеƙавам на ниеден збор што го пратив во микрофонот, но сигурен сум дека реченото беше откорнато од срcето,“ напиша тоj, додаваjƙи дека возбудата и одговорноста од историскиот миг го следеле за време на cелиот пренос.
Овоj настан го означи почетокот на емитувањето на македонски jазик во тогаш ослободената татковина, поставуваjƙи темели за иднината на македонската култура и радиодифузиjа.