НА АЛЕКСАНДРИ НИКОЛИЌ Ѝ Е УКРАДЕН ТЕЛЕФОНОТ! Исплива слика од нејзината ќерка Леона: “Госпоѓицата го зела…” (ФОТО)
Ријалити учесничката Александра Николиќ се повлече од јавноста откако ја доби ќерката Леона Цар, и целото свое слободно време го поминува со неа.

Фото: Hype TV
Овојпат таа објави повеќе од духовита фотографија од нејзината ќерка Леона, која го зела нејзиниот телефон додека Александра спиела и се сликала и снимала со него:
– Отворам јас галерија, кога – имам што да видам. Госпоѓицата го зела телефонот додека спиев и се снимала – напиша Александра.

фото: instagram printscreen / alex_mima_official
Да потсетиме,
Победничката на ријалити шоуто Александра Николиќ и поранешниот учесник Филип Цар во април оваа година ја добија ќерката на која ѝ го дадоа името Леона.
Од самиот почеток нивната врска беше многу бурна, а кога се роди бебето накратко беа во „мирна лука“, но брзо потоа повторно дојде до раскинување. По тоа, Александра најде нов партнер, поради што Цар јавно беснееше.
Николиќ сега повторно ужива во љубовта, а на социјалните мрежи е многу активна, често споделувајќи фотографии со својата миленичка.
Неодамна таа сподели момент од домот каде се гушка со својата наследничка, и со оваа објава ги разнежи своите следбеници.
Инаку, Филип неодамна зборуваше за односот со Александра и тогаш откри дека детето го гледа во Белград:
– Со Александра конечно постигнавме договор да функционираме нормално поради детето. Да не се провлекуваме во лош контекст и да имаме родителска релација за доброто на детето. Детето ќе го гледам во Белград. Но и нејзината мајка ќе доаѓа со детето кај нас – раскажа тој.
