МЗТ ГО ОСВОИ ПРИВЕНСТВОТО – НО НЕМА ДА ИГРА ВО АБА 1! ЕВЕ ЗОШТО…
МЗТ ГО ОСВОИ ПРИВЕНСТВОТО – НО НЕМА ДА ИГРА ВО АБА 1! ЕВЕ ЗОШТО…
фото/wикипедиа
Иако МЗТ Скопје го освои шампионскиот пехар во македонската кошаркарска лига и доби шанса да се врати во елитната АБА 1-лига, сепак одлучија да не ја искористат таа можност.
АБА-лигата ја проширува конкуренцијата од 16 на 20 тимови за следната сезона, но влезот ќе чини 200.000 евра – сума која моментално е преголем залак за македонските клубови.
Иако крајот на мај беше крајниот рок за апликација, извори од „СпортСпорт“ велат дека МЗТ официјално ја известил АБА1 дека нема да аплицира за наредната сезона. Сепак, клубот не ја исклучува можноста за настап во сезоната потоа.
Причините се јасни – нема доволно средства, ниту конкурентен ростер. Македонската лига е во сериозна криза на квалитет, а ниту еден клуб моментално не е подготвен да се носи со темпото на јадранската елита.
Нашите тимови остануваат во АБА2, каде досега имаа лош настап – никој не мина ни во втората рунда. Според последниот пласман, во оваа лига ќе настапат МЗТ Скопје, ТФТ и Куманово.
Хyпе ТВ
КОНCЕРТ ВО СКЕНДЕРИJА – ЛУКАС, ШКОРИḰ, ИЛИḰ – КАРТИ ТУКА.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!