МОНИКА СТАР ИТНО ХОСПИТАЛИЗИРАНА – ДОЖИВЕАЛА НЕСРЕЌА?!
МОНИКА СТАР ИТНО ХОСПИТАЛИЗИРАНА – ДОЖИВЕАЛА НЕСРЕЌА?!
Контроверзната инфлуенсерка Моника Станојкова, на јавноста попозната како Моника Стар, повторно е во центарот на вниманието – овојпат не поради скандалозни изјави или провокативни фотографии, туку поради здравствена состојба која ги загрижи нејзините следбеници.
Фото/ХАJП МК
По кратко молчење, Моника самата се огласи преку стори на својот Instagram профил, откривајќи дека доживеала мал инцидент, но дека за среќа е во стабилна состојба.
„Животот знае да нè изненади… Имав мала незгода, но важно е што сум добро. Се враќаме полека, со уште поголема сила. “ – напиша таа на нејзиното стори, објавувајќи и фотографија од кревет, видливо без шминка, но со препознатливиот смирен и борбен дух.
Фото/Инстаграм/Принтскрин/станојковастар
Моника – секогаш под лупа
Моника Станојкова важи за една од најобожуваните и истовремено најоспоруваните личности на македонската инфлуенсерска. Со илјадници следбеници на социјалните мрежи, таа не престанува да провоцира со своите објави, изјави и изглед. Беше дел од неколку ријалити проекти, а нејзиното име редовно се поврзува со гласни љубовни врски, кавги со познати личности и фотосесии кои оставаат без здив.
Неодамна, Моника беше дел и од неколку жешки медиумски конфликти, во кои ги напаѓаше своите колешки од естрадата, но и поранешни партнери. Нејзината отвореност и директен став ја направија миленичка на еден дел од публиката, додека кај други предизвикува жестоки реакции.
ШТО СЛЕДУВА?
Иако засега не се знае кога ќе се врати на сцената, еден е заклучокот – Моника Стар нема намера да се откаже лесно. Таа јасно стави до знаење дека се враќа посилна од кога било, а нејзините фанови со нетрпение го очекуваат нејзиното целосно враќање – и тоа не само на Instagram, туку и во медиумскиот простор.
Ние ја оставивме Моника да се одмора и се надеваме на брзо и целосно закрепнување.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ HYPE.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА VIBER, INSTAGRAM: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YOUTUBE КАНАЛОТ – HYPE МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХАЈП МК/Е.Л.