Моника Белучи во проѕирен фустан и црни гаќички – заводничка на 60 години! (ФОТО)
Моника Белучи во проѕирен фустан и црни гаќички – заводничка на 60! (ФОТО)
Моника Белучи уште еднаш покажа дека возраста е само бројка! На 60 години, италијанската филмска дива блесна на Филмскиот фестивал во Таормина во смело модно издание кое не помина незабележано.
фото:абцневс
Белучи се појави во црн, чипкан и проѕирен фустан под кој јасно се гледаа нејзините црни гаќички, оставајќи ги присутните и фановите без здив. Во готски стил со доза на елеганција и мистичност, актерката зачекори самоуверено на црвениот тепих рака под рака со својот партнер, славниот режисер Тим Бартон.
Стајлингот го надополни со мала црна ташна, темен очен мејкап и нежен кармин во „нуд“ нијанса – совршена комбинација што ја истакна нејзината природна убавина и сензуалност. Атмосферата под отворено сицилиско небо само ја засили магијата на ова незаборавно појавување.
Тим Бартон, облечен во црно одело и кошула, изгледаше совршено усогласено со Моника, а нивната поврзаност и блискост беа очигледни.
Двојката е во врска од октомври 2023 година, кога заедно работеа на серијата „Битлџус Битлџус“, а од тогаш се едни од најследените ликови во светот на шоу-бизнисот.
Белучи уште еднаш покажа дека стилот, харизмата и самодовербата се нејзиниот заштитен знак – и дека и на 60 години може да биде икона на гламур и заводливост.
Бонус видео:
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!