Моментот кога рок легендата Џон Бон Џови спасува жена од работ на мост! (ВИДЕО)
Американската рок ѕвезда Џон Бон Џови е снимен во моментот кога се обидува да убеди жена во очај да се повлече од работ на мостот во Нешвил. Додека снимал видео запис за песната на неговиот бенд „The People’s House“ на пешачкиот мост, Бон Џови забележал жена која стоела од другата страна на заштитната ограда.

На снимките од надзорната камера, кои ги објави локалната полиција, се гледа фронтменот на бендот Bon Jovi како заедно со една членка од неговиот тим ѝ приоѓа на вознемирената жена. Бон Џови се потпрел на оградата и започнал разговор со неа, охрабрувајќи ја да се врати на безбедно место. Откако ѝ помогнал да се искачи назад преку оградата, ја прегрнал, а потоа останале заедно уште неколку моменти пред да се повлечат по мостот.
This is the moment Rock legend Jon Bon Jovi rescues a woman from stepping off the edge of a bridge in Nashville
— Science girl (@gunsnrosesgirl3) July 24, 2025
Полицијата изрази благодарност
Полицијата на Метрополитен Нешвил го сподели видеото на својот Јутјуб канал, нагласувајќи дека пејачот ѝ помогнал на „очајната жена“ во клучен момент.
„Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што интервенираа и ѝ помогнаа на жената на пешачкиот мост Сајгенталер во вторникот вечерта. Бон Џови успеа да ја убеди да се повлече од платформата на мостот над реката Камберленд и да се врати на безбедно,“ соопшти полицијата.
Инаку, фондацијата на Бон Џови – JBJ Soul – обезбедува поддршка за бездомници и лица кои живеат во сиромаштија. Пејачот има завршено и специјализирана обука за комуникација со лица кои се наоѓаат во кризни и опасни психолошки состојби.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ HYPE.MK!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА VIBER, INSTAGRAM: @hypetv.mk!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YOUTUBE KANALOT – HYPE MK ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХАЈП МК/Е.Л.