Многумина не знаат кога е најдобро време за наводнување на цвеќето!
Многумина не знаат кога е најдобро време за наводнување на цвеќето!
Најважно за убава градина е редовното наводнување – а токму тука се крие тајната!
фото: пиxабаy
Кога надвор владеат екстремно високи температури, а времето е жешко и задушливо дури и навечер, многумина се прашуваат: кога е најдобро време за полевање на цвеќето и градината – наутро или навечер? Еве го одговорот…
Цвеќето е подобро да се залева рано наутро, отколку навечер.
Наутро почвата е веќе разладена, па со полевањето растенијата не доживуваат шок. Утринското наводнување е поефикасно, бидејќи растението ги апсорбира хранливите материи од почвата во текот на утрото и до пладне.
КАКО ДА ОСЛАБЕТЕ ВО ПРЕДЕЛОТ НА СТОМАКОТ?! ТРИК ВРЕДЕН ЗЛАТО!
Растенијата никако не треба да се залеваат во текот на денот, кога сонцето е најсилно – дури и ако почнат малку да венеат. Ако тогаш ги полеете со студена вода, тоа може да биде фатално за нив. Исто така, прскањето на лисјата со ладна вода на жежок ден може да ги оштети. Влажните растенија се многу почувствителни на болести и штетници.
Најдобро е водата што ќе се користи за полевање во текот на денот да се стави во соодветен сад и да се остави во сенка – никако на сонце. Водата не смее да биде ниту жешка, ниту премногу ладна – најдобро е да има температура меѓу 20 и 30 степени Целзиусови.
ЈАПОНСКАТА БАБА ВАНЃА НАЈАВИ МЕГАЦУНАМИ! ХОРОР ПРЕДВИДУВАЊЕ ЗА ЦЕЛАТА ПЛАНЕТА!
Ако, сепак, го наводнувате цвеќето навечер, прво почекајте растенијата малку да се „соземат“. Не ги залевајте рано навечер – најдобро е тоа да се направи откако температурата на воздухот ќе падне под 30 степени, отприлика по 22:00 или 23:00 часот.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ HYPE.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА VIBER, INSTAGRAM: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YOUTUBE КАНАЛОТ – HYPE МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХАЈП МК/Е.Л.