Млади иноватори од Западен Балкан освојуваат 18.000 евра: ФИТР ги награди најуспешните проекти за зелени идеи и дигитална иднина!
Млади иноватори од Западен Балкан освојуваат 18.000 евра: ФИТР ги награди најуспешните проекти за зелени идеи и дигитална иднина!
Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) денес ја одржа големата доделувачка церемонија за „Натпреварот за успешни иницијативи од Западен Балкан“, каде шесте најиновативни тимови заработија вкупно 18.000 евра. Главната награда од 8.000 евра ја понесе проектот за „Одржливо управување со електронски отпад“ кој ги воодушеви жирито со еколошката одговорност и вработувањето на млади во зелени работни места.
фото:принтскрин/фб/ФИТР
Покрај финансиските награди, победниците ќе бидат дел од петмесечна кампања на социјалните мрежи за да ја подигнат јавната свест за важноста на младите во иновациските процеси на Западен Балкан. Овој натпревар, дел од европскиот проект ПОЛИCY АНСWЕРС, има за цел да ја зајакне регионалната соработка и да го поттикне младинскиот потенцијал во клучни области како циркуларна економија и дигитализација.
Директорот на ФИТР, Никола Додов, им честиташе на сите тимови, нагласувајќи дека токму со нивната креативност и храброст може да се менува светот кон подобро. „Ваша е иднината и вашите идеи се двигател на вистинските промени“, порача Додов.
фото:принтскрин/фб/ФИТР
Останатите пет награди, по 2.000 евра, ги добија инцијативи од областа на кариерен развој, индустрија 4.0, социјално влијание и регионална соработка, со што се отворија нови перспективи за младите лидери од целиот регион.
Започнато како натпревар со 65 пријавени проекти, оваа млада генерација иноватори докажа дека Западен Балкан е полн со потенцијал за големи промени и успех.
Млади иноватори од Западен Балкан освојуваат 18.000 евра: ФИТР ги награди најуспешните проекти за зелени идеи и дигитална иднина!
Бонус видео:
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!