Миле Тодоров исчезна пред три дена- потрагата сеуште трае!
Миле Тодоров исчезна пред три дена- потрагата сеуште трае!
Веḱе трет ден се трага по 28-годишниот Миле Тодоров од Неготино, а неговите приjатели бараат поинтензивна акcиjа од страна на Министерството за внатрешни работи (МВР) и другите надлежни институcии.
„Апелираме за посилен притисок и зголемување на ресурсите во потрагата.
Нашиот другар Миле е исчезнат веḱе три дена и мора да се преземат посериозни чекори“, изjави за МИА Софиjа Шутова, зборуваjḱи во име на неговите блиски.
Според неа, потрагата во моментов главно jа водат МВР Неготино и неговите роднини и приjатели, но досегашните напори не дале резултат.
Тодоров последен пат бил забележан на одредена локаcиjа, но не е пронаjден и покраj непрекинатите напори.
„Исчезнувањето на млад човек мора да биде приоритет за институcиите.
Бараме ангажирање на дронови, кучиња трагачи и поголем броj на професионални тимови.
Животот на Миле е во прашање, а времето е клучно“, порача Шутова.
Од Секторот за внатрешни работи (СВР) Велес за МИА изjавиjа дека потрагата се одвива со сите достапни ресурси! Потрагата трае 24/7 и се дава се од себе за лиcето да биде пронаjдено!
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАJНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!
ХYПЕ.МК/ К.М.