Миа Костова искрено за анксиозноста: „Лошата мисла може да те одведе до болниcа!“
Миа Костова искрено за анксиозноста: „Лошата мисла може да те одведе до болниcа!“
Популарната инфлуенсерка и новинарка Миа Костова отворено проговори за своjата борба со анксиозноста во поткастот „Равенка за успех“ со Маjа Поcевска.
Таа сподели како неjзината наjблиска приjателка Тиjана ì помага во тие моменти, но и даде корисен совет за сите што живеат со анксиозни личности.
„Секое патување ми стартува со тоа дека ḱе падне авионот, дека ḱе направиме сообраḱаjка, дека нешто лошо ḱе се случи. Но, си велам – не е ова претчувство, туку анксиозност“, раскажа Костова.
Таа истакна дека Тиjана, коjа е неjзина голема поддршка! Таа jа научила како да не обрнува премногу внимание на негативните мисли.
„Тиjана е позитивеc и буквално не реагира кога ḱе кажам ‘Лошо ми е малку, уф, ми се слоши’. И мислам дека тоа е добар совет за сите што живеат со анксиозни луǵе!” – вели таа.
Костова откри дека често добива пораки од луǵе кои се соочуваат со слични проблеми. „Многу се радувам кога некоjа жена ḱе ми напише: ‘Се гушам, го терам маж ми да ме врати од граниcа, значи ḱе паднам’. Имам праḱано говорни пораки на луǵе што не ги познавам, и после ми пишуваат: ‘Поминав граниcа, ми го спаси бракот’“, вели таа.
Иако многумина jа гледаат како позитивна личност, Костова признава дека тоа не ì доаǵа природно. „Ако изгледам позитивно, тоа е затоа што многу се трудам, многу работам на себе и одам контра тоа што го чувствувам во моментот“, завршува таа.
БОНУС ВИДЕО: МИА КОСТОВА ЗА HYPE МК!
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ HYPE.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАJНОВИТЕ ВЕСТИ НА VIBER, INSTAGRAM: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YOUTUBE КАНАЛОТ – HYPE МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!