МЕМОАРИТЕ НА МЕЛАНИЈА ТРАМП ГИ НАПИШАЛА ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА?! ГОЛЕМ СКАНДАЛ ЈА ТРЕСЕ БЕЛАТА КУЌА!
МЕМОАРИТЕ НА МЕЛАНИЈА ТРАМП ГИ НАПИШАЛА ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА?! ГОЛЕМ СКАНДАЛ ЈА ТРЕСЕ БЕЛАТА КУЌА!
Меланија Трамп предизвика бројни коментари и контроверзии откако интернет-корисници забележаа необични карактеристики во нејзините мемоари, поради што беше обвинета дека користела вештачка интелигенција за нивно пишување.
Фото: ТИМОТХY А. CЛАРY / АФП / Профимедиа
Првата дама на САД веќе претходно ја изненади јавноста со најава дека аудиоверзијата на своите мемоари, наместо таа, ќе ја чита вештачка интелигенција.
„Нека започне иднината на издаваштвото“, напиша Меланија Трамп на платформата X во мај 2025 година, објавувајќи го лансирањето на аудиокнигата. Таа трае повеќе од седум часа и моментално е достапна на англиски јазик, со најави за преводи и на шпански, португалски и хинди.
ИТНО ОГЛАСУВАЊЕ НА ТАРА СИМОВ! Решена да стави крај на ЛАГИТЕ! (ФОТО)
„Разоткривање“ на мемоарите
Наскоро по објавата, корисници на Реддит и други социјални мрежи почнаа да анализираат делови од мемоарите за кои веруваат дека се напишани со помош на АИ технологија. Тие идентификуваа специфични фрази и зборови карактеристични за вештачка интелигенција, како што се: „нагласувајќи“, „истакнувајќи“, „издвојувајќи“ и „засилувајќи“, како и стил кој се одликува со генерички и благо „надуени“ реченици.
Како примери се наведуваат реченици од типот:
„Тоа беше понижувачко искуство да се сретнеш со толку ценета личност на лично ниво, нагласувајќи ја важноста од градење односи преку искрени интеракции.“
„Реакцијата на публиката беше незаборавна, што дополнително го засили возбудувањето од нашата посета.“
„Искуствата и приказните од тие средби ми останаа врежани во сеќавањето, обликувајќи ја мојата перспектива и зацврстувајќи ја мојата посветеност кон служењето на другите.“
Јавноста реагираше со сомнеж, а многумина ја обвинија Меланија дека ангажирала „гхостwритер“ – писател од сенка, кој при пишувањето користел АИ алатки. Други пак, го исмејуваа „роботизираниот“ стил на текстот.
МЕМОАРИТЕ НА МЕЛАНИЈА ТРАМП ГИ НАПИШАЛА ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА?!
Еден коментатор напиша:
„Значи, нејзиниот писател од сенка користел АИ како писател од сенка? Овие делови дефинитивно имаат тон на ‘претенциозен робот со расипан тезаурус’.“
Други коментираа дека текстовите звучат како натрупани со општи фрази, лишени од човечка топлина, додека некои го споредуваа стилот со обиди да се зголеми должината на ученички есеи со непотребни зборови.
Сè уште без конкретни докази
Иако нема директни докази дека целата книга е напишана со помош на вештачка интелигенција. Одлуката аудиоверзијата да ја чита АИ, како и бројните примери на типичен „АИ јазик“, предизвикаа бран скептицизам. Како и дебати за автентичноста на мемоарите на американската прва дама.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ HYPE.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА VIBER, INSTAGRAM: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YOUTUBE КАНАЛОТ – HYPE МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХАЈП МК/Е.Л.