„МЕЛАНИЈА ГО ИЗБРА БАРОН ПРЕД ТРАМП?! ШОКАНТНО ПРИЗНАНИЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВО БЕЛАТА КУЌА“
„МЕЛАНИЈА ГО ИЗБРА БАРОН ПРЕД ТРАМП?! ШОКАНТНО ПРИЗНАНИЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВО БЕЛАТА КУЌА“
Фото/CНН
Неочекувано признание на Доналд Трамп ги изненади дури и неговите најблиски соработници и новинарите што со години го следат. Поранешниот американски претседател, кој ретко открива детали од приватниот живот, овој пат во Белата куќа ја отворил душата пред камерите.
Во текот на средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски, Трамп низ насмевка изјавил дека неговата сопруга Меланија без двоумење го става нивниот син Барон пред него.
„Таа обожува деца, но пред сѐ својот син кого го сака повеќе од било кој на светот… Вклучувајќи ме и мене, мора да признаам“, изјавил Трамп пред насобраните новинари.
Изјавата на милијардерот и политичар веднаш предизвика реакции, бидејќи првата дама на Америка ретко зборува за приватноста, а посебно кога станува збор за наследникот Барон.
Меланија уште од неговото раѓање во 2006 година го чува синот далеку од очите на јавноста, а за време на мандатот на својот сопруг тој речиси и не се појавуваше пред камери.
Сепак, последниве години младиот Барон станува се поактивен – студира бизнис на престижниот Универзитет во Њујорк, дава совети на својот татко како да комуницира со помладата публика преку социјални мрежи и подкасти, а на инаугурацијата на Трамп пред јавноста буквално ги засени браќата и сестрите со својата импресивна висина.
Останува да се види дали признанието на Трамп ќе отвори уште повеќе прашања за односите во семејството или ќе покаже само една поинаква, почувствителна страна на поранешниот претседател.
КАДЕ МОЖЕТЕ ДА НЕ ГЛЕДАТЕ!
Хyпе ТВ
КОНЦЕРТ ВО СКЕНДЕРИJА – ЛУКАС, ШКОРИḰ, ИЛИḰ – КАРТИ ТУКА.
БОНУС ВИДЕО!
КОЈА Е НОВАТА ДЕВОЈКА НА БАКА ПРАСЕ? Работела во ресторан, студира тежок факултет! (ФОТО)
ИНСТАГРАМОТ НА КАРЛЕУША ПОВТОРНО ИЗБРИШАН!
СНЕЖЕ ВЕЛКОВ ГО ДОБИЛА ИМЕТО ПО „СНЕЖАНА И СЕДУМТЕ ЏУЏИЊА“ – БРАТ И ГО ДАЛ ПРЕДЛОГОТ! (ФОТО)
Сидни Свини го украде шоуто на венчавката на Џеф Безос – сите погледи вперени во неа!
ВРЕМЕСКА БОМБА ЗА ПОНЕДЕЛНИК! — 30 ЈУНИ ВО СКОПЈЕ: ЖЕШКО, СТИЛСКО И СО ПРИВРЕМЕНИ ДОЖДОВИ!