Мел Гибсон престојувал во манастирот Хиландар на Света Гора
Мел Гибсон престојувал во манастирот Хиландар на Света Гора
Мел Гибсон престојувал во манастирот Хиландар на Света Гора!
Познатиот холивудски актер, режисер и продуцент Мел Гибсон престојувал три дена во манастирот Хиландар на Света Гора, еден од најзначајните духовни центри на Српската православна црква.
фото: пинтерест
Како што потврдил архимандрит Методиј, игумен на Хиландар, Гибсон пристигнал во пресрет на празникот Свети Лазар и го напуштил манастирот во недела наутро.
„Дојде првпат, делува како човек што го сака Христос. Го следеше монашкиот распоред колку што можеше. Присуствуваше на некои богослужби, а на некои не,“ изјавил архимандрит Методиј за грчката телевизија Алфа, а пренесува денес грчкиот весник Катимерини.
Гибсон, според неговите зборови, главно го почитувал дневниот ред на манастирот, но често избирал да се моли во тишина, избегнувајќи ја вниманието на другите верници и посетители. Иако сакал да помине време во духовна тишина и повлеченост, присутните аџии и монаси го препознале и го замолиле за заеднички фотографии.
Славниот актер, познат по филмовите „Храбро срце“ и „Смртоносно оружје“, но и како режисер на филмот „Страдањето Христово“ од 2004 година, повеќепати јавно ја изразил својата религиозност и вера во Бога.
Виеw тхис пост он Инстаграм
Како што најавуваат медиумите ширум светот, Мел Гибсон треба да започне со снимање во септември оваа година. Тој ќе работи на продолжението на филмот „Страдањето Христово“. Филмот „Воскресението Христово“ ќе биде фокусиран на настаните во трите дена од Велики петок, денот на Христовата смрт. Ќе ги прикаже и случувањата по воскресението на Синот Божји.
Хyпе ТВ
КОНCЕРТ ВО СКЕНДЕРИJА – ЛУКАС, ШКОРИḰ, ИЛИḰ – КАРТИ ТУКА.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!