„МЕ ФРЛИ НА ПОД, МЕ ВЛЕЧЕШЕ НИЗ РЕСТОРАНОТ ЦЕЛИ 5 МИНУТИ…“ – ТАРА СИМОВ ЕКСКЛУЗИВНО ЗА ХАЈП ТВ! Ова е ПРАВАТА ВИСТИНА за нападот во Охрид!
„МЕ ФРЛИ НА ПОД, МЕ ВЛЕЧЕШЕ НИЗ РЕСТОРАНОТ ЦЕЛИ 5 МИНУТИ…“ – ТАРА СИМОВ ЕКСКЛУЗИВНО ЗА ХАЈП ТВ! Ова е ПРАВАТА ВИСТИНА за нападот во Охрид!
ТАРА СИМОВ ЕКСКЛУЗИВНО ЗА ХАЈП ТВ!
Тара Симов се огласи за Hype ТВ поради лажните вести кои беа објавени во некои медиуми, во врска со наводно насилство во еден локал.
Фото: Hype ТВ / Приватна архива
Таа детално опиша што точно се случило на 30 јули 2025 година вечерта, кога настанал инцидентот.
„Бев на деловен состанок во ресторан. Кога го здогледав Јован Марковски, младо момче со кое имав недоразбирање во ноември 2024 година, а кое тогаш ми испрати навредлива порака. Во пораката беа спомнати и моето дете и таткото на моето дете, во навредлив и негативен контекст. Му пријдов, си подадовме рака и разговаравме. Јован искрено ми се извини и разговорот заврши во пријатен тон“, започна Тара за нашиот портал.
ИТНО ОГЛАСУВАЊЕ НА ТАРА СИМОВ! Решена да стави крај на ЛАГИТЕ! (ФОТО)
ТАРА СИМОВ ЕКСКЛУЗИВНО ЗА HYPE ТВ!
„По околу 3 часа, се појави повозрасен маж со покрупна градба и седна на масата каде што јас седев со моите деловни соработници. Почна да ме пцуе, навредува и да вика: ‘Курво распадната, ќе те скршам, ќе ти ја скршам вилицата! Ќе те заколам пред сите, зошто му се закануваше на мојот син’. Му реков дека не знам за што зборува, ниту кој му е син, и му нагласив дека нема да одговорам на навредите бидејќи тоа не е моето ниво. Додадов дека ако физички ме нападне, ќе се бранам.“
„Мажот стана додека јас седев, ме фати за коса и ме фрли на подот. Ме влечеше низ ресторанот цели 5 минути бидејќи не можеа да го тргнат од мене. Лежев на подот, тој беше над мене и ме влечеше за коса. Врз мене паѓаа столици, маси, чинии и сè останато. Кога конечно го тргнаа од мене, повторно се нафрли, а јас со замавнување на раката, наводно му нанесов некаква повреда за која не знам дали навистина се случила. Не видов дека имал нешто на лицето“, изјави Симов.
Потоа истакна дека таа била таа што ја повикала полицијата:
„Јас ја повикав полицијата и го пријавив нападот. Дадов изјава и добив казна од 50 евра затоа што викав и во самоодбрана му нанесов гребаница. Тој е процесуиран по кривична постапка и ќе го тужам за целиот настан. Мажот исто така ги вклучи сите свои врски во охридската полиција, па така СВР Охрид објави дека мажот бил нападнат со нож, а не дека жена била претепана среде ресторан. Оттука и започна целава хаотична приказна“, заклучи Тара, целосно демантирајќи ги медиумските лаги.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ HYPE.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА VIBER, INSTAGRAM: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YOUTUBE КАНАЛОТ – HYPE МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХАЈП МК/Е.Л.