МАТУРАНТИ ФАТЕНИ СО МОБИЛНИ ВО РАКА: ЌЕ ГУБАТ ЦЕЛА ГОДИНА ЗАРАДИ ПРЕПИШУВАЊЕ НА МАТУРАТА?!
МАТУРАНТИ ФАТЕНИ СО МОБИЛНИ ВО РАКА: ЌЕ ГУБАТ ЦЕЛА ГОДИНА ЗАРАДИ ПРЕПИШУВАЊЕ НА МАТУРАТА?!
На првиот ден од државната матура, десетина ученици се фатени во обид да препишуваат – и тоа со употреба на строго забранети мобилни телефони. Тестаторите веднаш реагирале: им ги одзеле тестовите и ги отстраниле од испитната просторија.
Фото: Пеxлес
Министерката за образование денеска испрати јасна порака до сите матуранти кои ги очекуваат уште три екстерни испити – почитувајте ги правилата или ризикувате да ја изгубите целата година.
Секоја ситуација се разгледува индивидуално, а конечната одлука ја носи специјална комисија при Државниот испитен центар.
– Во некои случаи тестот се поништува и ученикот добива можност да полага во следната сесија. Но, ако се утврди посериозно прекршување, испитот се поништува и ученикот нема право да полага цела година, изјавија од ДИЦ.
Препишувањето за време на матурските испити, за жал, станува сè почеста појава. Бројката од десетина ученици кои се исклучени од првиот испит веројатно нема да биде конечна, бидејќи се уште пристигнуваат извештаи од училиштата низ државата.
За потсетување, минатата година на вкупно 270 ученици им беше поништен испитот. Во 2023 година, јавноста беше шокирана кога протекоа слики и пораки од вибер-групи каде матуранти си ги разменувале одговорите – особено за тестот по англиски јазик.
Следниот екстерен испит од државната матура се закажан за 11 јуни, кога се очекува уште посериозен надзор и строги проверки.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХYПЕ МК/Е.Л.