Мартин изгубил пет другари во пожарот – државата сè уште молчи!
Мартин изгубил пет другари во пожарот – државата сè уште молчи!
На плоштадот „Македонија“ денес се одржа герила акција во организација на групата „Сапорт Кочани“, како реакција на трагичниот пожар во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа и беа повредени повеќе млади лица.
Мартин, млад жител на Кочани, се залепи со селотејп за бандера во центарот на Скопје, испраќајќи силна порака до институциите. Тој изјави дека во пожарот изгубил пет блиски другари и ја повика јавноста и државните органи да не го заборават Кочани и неговите жители.
„Толку ли брзо не заборавивте? Деца дојдоа без прсти на рацете. Тие деца ќе немаат цел живот раце. Ако ништо друго, дај на нив да им помогнеме“, рече Мартин, со трепет во гласот.
Настанот предизвика реакции на социјалните мрежи, а граѓани кои случајно поминуваа застануваа да слушнат и да го поддржат неговиот апел.
„Сапорт Кочани“ порача дека ова не е изолиран чин, туку повик на будност и солидарност, со надеж дека институциите конечно ќе преземат конкретни мерки за поддршка на погодените семејства и реконструкција на довербата во државата.
Коментар на социјална мрежа го доведе до суд: Осуден скопјанец за ширење омраза!
Грешка или најслатка пакост? Момче нарачало илјадници лижавчиња преку интернет!(видео)
16-годишно девојче исчезна во Скопје – МВР трага по неа!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА JУТУБ КАНАЛОТ НА ХАЈП МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!